Каков Леброн, Џордан сега ќе постигнуваше по 50 поени – Слободен печат
КошаркаСпорт

Каков Леброн, Џордан сега ќе постигнуваше по 50 поени

Поранешниот славен НБА кошаркар и петкратниот освојувач на шампионскиот прстен, Денис Родман со голем почит спрема Џордан.

Родман сподели своето мислење за споредбите на легендарниот тимски колега од Чикаго, Мајкл Џордан со ѕвездата на ЛА лејкерс, Леброн Џејмс.

– Ако Мајкл играше сега во НБА, тој ќе даваше 50 поени по натпревар. Не ги разбирам овие разговори за тоа кој е најголем во историјата – Леброн или Мајкл – вели Родман.

Додава дека Леброн е еден од првите три играчи во историјата. Тој може да се спореди со Коби Брајант, Меџик Џонсон и Карим Абдул-Џабар. Но, не и со легендарниот Џордан кој е далеку пред сите.

Меѓу големиот број трофеи и награди, легендарниот „Ем-Џеј“ во последната деценија од минатиот век шест пати ја освои НБА шампионската титула и шест пати беше прогласуван за најкорисен играч, МВП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close