Каков имот пријавил Заев?

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На страната на Државната комисија за спречување корупција може да се види имотната состојба на премиерот Зоран Заев.

Според неа, Заев пријавил возило Мини купер на неговите деца, кој е пријавен на вредност од 870 илјади денари (14,5 илјади евра).

Како имот на брачен другар тој пријавил стан од 46 метри квадратни во Струмица, а како имот на родители, деловен простор во Струмица вреден 3.690.000 денари, а со површина од 60 м2.

Заев пријавил и земјоделско земјиште од 4 хектари во Муртино, сопственост на на негови родители со вредност од 2,4 милиони денари и куќа вредна 18,45 милиони денари.

Единствено што е лично на премиерот Заев и во сегашниот и во претходниот имотен лист е заем кој го дал во 2012 година, а изнесува 4,3 милиони денари.

Во новиот имотен лист на Заев е впишан заем кој неговата сопруга го зела во вредност од 330.000 денари односно 5,5 илјади евра, а како „парични средства по основ на ликвидирање на фирма“ впишани се 6 милиони денари односно 100 илјади евра како имот на родителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот