КАКОВ ИКАРДИ: Еспозито со еден потег ги ОДУШЕВИ сите навивачи на Интер!

фото: твитер

Себастијано Еспозито на само 12 години се пресели од помладите категории на Бреша во редовите на Интер.

Во досегашниот дел од сезоната имаше по три меча во Серија А и групната фаза во Лигата на шампионите.

Тренерот на миланскиот клуб, Антонио Конте верува дека Еспозито еден ден ќе биде голема легенда на клубот и дека ќе бидат одушевени навивачите.

Во летниот преоден рок за неговите услуги интерес покажа ПСЖ, на крајот тој остана верен на калчолигашот, а и самиот Конте верува дека овој млад и талентиран играч може многу да придонесе во остварувањето на клупските цели.

Еспозито има договор со клубот до јуни 2022. година и како што стојат нештата, уште долги години ќе го носи „сино-црниот“ дрес на Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот