Каков е тој воз од Скопје до Солун што оди само до Гевгелија?!

Фото: Слободен печат

Од 15 јуни, како што беше најавено, е пуштена новата линија со воз од Скопје до Солун, но иако таа така се опишува, всушност станува збор за воз што оди го Гевгелија, а потоа патниците се преземаат со автобус и се носат до Солун.

Според информациите од „Македонски железници – транспорт“, станува збор за сезонска линија што ќе трае до 16 септември. Возот ќе тргнува од Белград, ќе минува низ Скопје, а потоа ќе сообраќа само до Гевгелија, од каде што патниците со автобуси на грчката железница ќе бидат транспортирани до Солун.

Возот од Скопје ќе поаѓа секој ден во 4.45 часот, а во Солун патниците треба да стигнат во 9.33 часот, од каде што ќе може да се фати врска со грчки воз за летувалиштата во Литохоро, Лептокарија и Неи Пори.

Билетите може да се извадат на патничка благајна во станица Скопје и на патничка благајна во станица Солун.

Цената на чинење на возниот билетот е во зависност од бројот на патници што патуваат заедно, но најмногу пет возрасни лица и едно дете. Ако групата ја сочинуваат пет возрасни патници, билетот за еден патник ќе изнесува 13,5 евра или 836 денари. Во случај кога групата ја сочинуваат пет возрасни патници и едно дете, билетот за еден патник ќе изнесува 12,20 евра или 756 денари, информираат од МЖ Транспорт.

Во периодот од 15 јуни до 16 септември, железничка врска од Скопје ќе има и за Белград, со возот што поаѓа секојдневно во 22.19 часот. Повратниот билет за воз меѓу Скопје и Белград изнесува 1.709 денари, меѓу Скопје и Загреб ќе може да се патува по цена од 3.653 денари, додека цената на билетот до Љубљана изнесува 4.643 денари за двата правци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот