Каков цар, играше натпревар со 350.000 долари вреден часовник на раката

фото: Twitter

Новиот играч на НФЛ тимот на Кливленд браун, Одел Бекам јуниор кој е една од најголемите ѕвезди во американскиот фудбал, првиот настап за својот тим го одигра со часовник на раката кој вреди дури 350.000 долари.

Одел Бекам јуниор сакаше да го одбележи првиот настап за Кливленд во кој дојде до Њујорк џајантс и одлучи да ги игнорира правилата на НФЛ лигата и на Фрст енерџи стадионот се појави со луксузниот часовник Ричард Мајл Оранџ сторм кој вреди дури 350.000 долари.

Бекам не се плашеше да влегува во дуели со противничките играчи иако има скапоцен чсовник на раката, но на крајот неговиот тим беше убедливо поразен до 43:13 од Тенеси тајтанс. Освен што загуби, Бекма јуниор го очекува и парична казна бидејќи НФЛ лигата забранува носење на часовници за време на натпреварите.

Сепак, Одел Бекам јуниор нема да има проблем да ја плати казната бидејќи годинава потпиша договор вреден 90 милиони долари, а доби и дополнителни 20 милиони долари бонус за потписот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот