Како да го исчистите вашиот накит? Ви нудиме неколку едноставни начини!

Пивото, вотката, оцетот, газираната вода и кечапот можете да ги примените и за други работи освен за консумирање. Станува збор за чистење на вашиот омилен накит, бидејќи секоја од овие течности може да ви помогне да го вратите стариот сјај на вашите омилени аксесоари.

Пивото го чисти златниот накит

Најдобро средство за чистење на вашиот златен накит е пивото. Доволно е да нанесете пиво на мека крпа и да го исполирате. Потоа накитот дополнително треба да го пребришете и со сува крпа за да не останат никакви траги. Накитот од злато на кој има и циркони не е препорачливо да го чистите со пиво, бидејќи може да го уништите.

Оцет или паста за заби за сребрен накит

Пастата за заби содржи флуор кој ја отстранува нечистотијата, а најдобро е да ја нанесете на чиста крпа или на четка за заби и со кружни движења да ги истриете накитот. Потоа исперете го со ладна вода и убаво избришете го со сува крпа.

Прочитајте и...  Кајли Миног повеќе заработува од продажба на производи отколку од пеење: На патот и стои само - Кајли!

Одличен избор е и мешавината од сода бикарбона и алкохолен оцет. Во сад ставете половина шолја оцет и две лажици сода бикарбона и оставете го накитот да отстои во мешавината 2-3 часа. Потоа измијте го со ладна вода и оставете го да се исуши.

Кечап за отстранување темни дамки

Сребрениот накит може да поцрни, а темните дамки најлесно се отстрануваат со кечап. Доволно е да го оставите накитот во сад со кечап неколку минути или да го исполирате со кечап и четка за заби. Потоа исперете го накитот со ладна вода и избришете го со крпа.

Вотката ги чисти накитот од кристали и стакло

Поради нејзините корозивни својства, вотката е многу ефикасна за чистење на кристали и стакло. Таа помага и за бижутерија, а доволно е само да нанесете малку на крпа и да го исчистите накитот.

Прочитајте и...  Пејачката Камила Кабељо проговори за болеста: Ми го одзема животот и ме направи да бидам нешто што не сум!

Газирана вода за скапоцени камења

За чистење на вистински скапоцени камења како дијаманти, рубини или сафири можат да ви помогнат газираните води. Се препорачува скапоцените камења да ги ставите во чаша со газирана вода и да ги оставите да преноќат.

Прочитај повеќе

Ѕвездата од серијата „Бубалици“ призна дека никогаш не ја гледала серијата и дека имала мали „чудни“ ритуали

Слободен печат

Двејн Џонсон му се обрати на Доналд Трамп: Каде се наоѓаш, каде е нашиот лидер да пружи рака на скршената држава? (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Мета – американскиот милијардер: Оваа „дипфејк” снимка го преплави интернетот во Русија (ВИДЕО)

Слободен печат

Тупурковски: Есма сакаше да ни ја препише куќата (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Принцот Чарлс: Се извлеков, имав голема среќа

Слободен печат

Најжешкиот танц на Анастасија Ражнатовиќ досега: Новопечената тетка замеша со задникот! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ѕвездата од серијата „Пријатели“ ја загуби битката со ракот – Почина во домот на најдобрата пријателка

Слободен печат

Беквалац го одржа првиот настап по пандемијата: На публиката и приреди ноќ за паметење! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Сара Џесика Паркер заврши на суд – Нејзината работничка ја обвини дека е лоша газдарица!

Слободен печат

Дани Димитровска е вистински доказ дека годините се само бројка: Погледнете колку полни денес! (ФОТО)

Васко Спасоски

Кајли Миног повеќе заработува од продажба на производи отколку од пеење: На патот и стои само – Кајли!

Слободен печат

Четири успешни приказни со пораки за безбедност на работното место – Заштитата е на прво место! (ВИДЕО)

Васко Спасоски