Како знак на благодарност: Ангелов ги прошета француските пожарникари во македонскиот Ерусалим

Стојанче Ангелов и француските пожарникари во Охрид / Фото: Facebook/Стојанче Ангелов

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов ги прошета француските пожарникари во македонскиот Ерусалим во знак на благодарност за помошта која ни ја пружија во борба со пожарите. Тој на својот Фејсбук профил се заблагодари на француската влада и до цела Франција.

– Рано наутро француските противпожарни експерти се враќаат за Франција каде беснеат големи шумски пожари.

Во знак на благодарност за помошта која ја пружија на нашата држава Македонија, накратко ги прошетавме низ македонскиот Ерусалим, Охрид. Беа воодушевени од она што набрзина го видоа а погледот врз Св. Јован Канео едноставно ѓи маѓепса.

Голема благодарност до нив, до француската влада и до цела Франција. Соработката продолжува понатаму, напиша тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот