Како живее жената што родила 44 деца? Ќе се борам моите деца и јас секогаш да имаме храна на масата

принтскрин

Понекогаш не знаеме да излеземе на крај со едно или со две деца. А како би било кога би имале 38 деца?

Мариам Набатанзи живее во селото Кибимбира во Уганда, има 40 години, а досега родила 44 деца, од кои 6 починале.

Кога имала 13 години, родителите ја продале на маж кој бил 27 години постар од неа. Тие тоа го нарекувале брак, а таа не знаела за што се работи додека не ја оставиле сама со него во неговата куќа. После една година родила близнаци, а потоа и тројки, па и четворки.

Мојот маж имаше деца од претходните врски и јас морав да се грижам и за нив. Беше и насилен и ме тепаше секогаш кога имаше прилика за тоа“, раскажува Мириам.

Во еден момент, кога веќе имала 23 деца, одлучила веќе да не раѓа. Го прашала докторот дали постои начин веќе да не забременува. По детален преглед, докторот заклучил дека таков зафат во нејзиниот случај може да предизвика сериозни последици за нејзиното здравје. Родила вкупно 44 деца – шестпати близнаци, четирипати тројки, трипати четворки.

Мариам вели дека не жали за ништо и дека децата се дар од Бога. Единствено за што ѝ е криво е што децата ѝ растат без татко. Нејзиниот маж често исчезнувал со месеци, па и со години и на крај дефинитивно ги оставил. Никогаш не учествувал во воспитувањето на децата. Само им давал имиња, некогаш и преку телефон. Најстариот син, кој има 23 години, вели дека не го видел татко му од кога имал 13 години.

Мариам им дава љубов и поддршка и се грижи да имаат сѐ што им е потребно. Храната е најсериозниот трошок за ова големо семејство.

Сите нејзини деца одат во училиште. Најстарите близнаци сега се квалификувани негувател и градежен работник.

„Се надевам дека сите мои деца ќе го завршат училиштето бидејќи имаат големи амбиции да станат доктори, учители, адвокати. Сакам да го остварат тоа, бидејќи е тоа нешто што јас не можев.“

За да ги покрие сите трошоци Мариам морала да совлада многу вештини. Собира различни билки и ги препродава, прави торти, молерисува, плете плетенки, организира и декорира прослави, ги дотерува младите невести и им прави фризури.

Таа има јасна порака за сите во нејзината култура.

Престанете да ги продавате ќерките на мажи за брак. Многу страдаат и недостатокот на родителската љубов никогаш не може да се надомести. Ќе се борам моите деца и јас секогаш да имаме храна на масата и никогаш нема да ги напуштам.“

Има порака и до мажите, односно татковците.

Никогаш не ги заборавајте своите обврски, бидејќи бракот е заедничка обврска за да ги воспитате и израснете децата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот