Како заврши руското првенство во удирање шамари? (видео)

Зимите во Русија, а особено во Сибир, се брутални.

Понекогаш човек треба да се занимава со нешто, кое ќе прави да се чувствува жив.

На пример, да застане пред друг човек и да му дозволи да му удри шлаканица со сета сила.

Неодамна во градот Краснојарск (со население од околу еден милион луѓе) се одржа настан наречен „Siberian Power Show“, кој беше посетен од поголем број луѓе кои присуствуваа за да удираат шлаканици, да добиваат шлаканици или едноставно да се види како другите си удираат шлаканици.

Наградата за победникот беше 30.000 рубли (470 долари).

Конкуренцијата е апсолутно брутална. Речиси секој кој се осмели да застане наспроти натпреварувачот со темносин џемпер, треба да има по неколку помагачи околу себе, за да го изнесат по добиените шлаканици, пишува „Sports Illustrated“.

На крајот, воопшто не изненадува, токму мажот со темносиниот џемпер – Василиј Камотски, победи на турнирот и си замина со 30.000 рубли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот