Како започна една од најубавите љубовни приказни на еден омилените холивудски парови! (ФОТО)

Instagram

Софија Вергара (47) и Џо Манганиело (43) се во брак од 2015 година, но и понатака изгледаат заљубено како и првиот ден. Интересно е тоа што парот се запознал во Белата куќа, на традиционалната вечера на која се собираат познати личности, а Џо тогаш бил забележан како ја „мерка“ својата колешка.

„Кога се видов со него, тој беше во фазонот: Па, што да ти кажам, го направив тоа“, се пристеи Вергара во едно интервју.

Тој открил дека знаел како нема големи шанси кај една од најзгодните жени во Холивуд.

View this post on Instagram

Gracias @dolcegabbana ???

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) on

„Знаев дека ми се мали шансите, но не сакав да ги пропуштам“, истакнал Џо.

Неговиот многу атрактивен изглед му бил минус кај Софија, баш како и неговите години.

„Во почетокот не сакав да излегувам со него. Ми беше премногу згоден, па и уште помлад од мене… Сепак, ме убеди и „кликнавме“. Всушност, беше одлично да се излегува со него“, вели актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот