Како за три дена од ковид згасна животот на 22-годишно момче од Битола: Баравме лекари за да стават вода во апаратот за кислород за да може да ја поминe ноќта

Фото: МИА

Битолчанец со Фејсбук профил Дејан Декс Мицкоски упати отворено писмо до сите јавни медиуми, министерот Венко Филипче и сите граѓани кое е своевидно сведочење на околностите под кои починал неговиот 22-годишен брат, лекуван од ковид -19 во болницата во Битола.

Неговата исповед ја пренесуваме интегрално, како што ја објави на Фејсбук и ја испрати до нашата редакција:

„Мојот брат на 09.10.2021 е константирано дека боледува од КОВИД-19. Резутатот е добиен во 19 часот. Веднаш е почнато лекување со антибиотик Панцеф и витамински таблети по препорака на матичниот лекар. Телесната температура му беше 39.2°C. Брат ми не беше вакциниран против КОВИД-19. Со години не се обратил на лекар за никакви здравствени проблеми од никаква природа.

Наредниот ден 10.10.2021 однесен е на инфективна клиника Битола со температура од 39°C, пулс 140, крвен притисок 120/80, сатурација 95. Направен е РТГ. Константирано е нагласен бронховаскуларен цртеж без знаци на свежа консолидација, со лесно нагласени хилуси, слободни фк синуси, срце ртг на широка основа, графија во еспириум. Направена е лабараториска анализа со D dimeri 438, CRP 85,5 Fe 2,7.

Даден совет за таблети Кардиопирин од 100мг, Панцеф 400мг едно дневно, Фамосан 40мг, цинк, Ц витамин и Д витамин.

На 11.10.2021г повторна е однесен во клиничка болница Битола. Извршен е преглед и константирана е температура од 39.3°C, сатурација 97, тахикардија 139 и крвен притисок 120/70. Константирано е васкуларно дишење. Cor-bo. Дадено Sol NaCl 0.9% 250мл + ампула аналгин/ив. Вратен е дома со темпетура од 38°C, отежнато дишење и кашлица.

Третиот ден 12.10.2021 повторно е однесен во клиничка болница Битола со висока температура и кашлица. Направен е РТГ и е хоспитализиран. Ставен е на кислордна поддршка и инфузии со додатоци во истите (за нас непознати).

Во наредните 24 часа е под постојана температура од над 39°C. Дури наредниот ден вечерта температурата му е стабилизирана, и е третиран со крвна плаза од донор со прележан ковид.

Третиот ден е третиран со антибиотик за нас до сега непознат и кортико стероиди. Од преголемата нега за пациентите во болницата во ноќните часови бараме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород за да можи да ја поминe ноќта.

Во собите на пациентите оставени се овие броеви за помош од медицинските сестри 047/243-350, 047/243-445 кои трите вечери не функционираа додека мојот брат беше таму.

А дадениот број од дежурниот лекар 071-213-415 е луда среќа ако некој те удостои да се јави и да ти даде информација за пациентот. Истата вечер ситуацијата нагло се влошува, и сатурацијата до изутрината стигнува до 55. За само два часа изутрината, мојот брат станува неконтактибилен и до него наводно седи медицинска сестра. Речено ни е дека во таква состојба не е можен транспорт за Скопје, што сметаме дека требаше да се изврши во претходните денови. Мојот брат почина за неполни 2 часа. Мојот брат навистина имаше 125кг, 180цм висина и неколку години се занимаваше со бодибилдинг. За гореизвршените прегледи поседувам документи. Не ми е јасно од кои доктори е прегледуван првите три дена кога го носевме секојдневно во Битолската болница, бидејќи не примаа доктори, а имаме извештаи со имиња на докторки специјалисти по инфективни болести кои никаде и никогаш не ги видовме.

Господине министер Венко Филипче ја ценам вашата стручност, знаење ама со вакво здравство ќе ни требаат уште стотина години за да го достигнеме минимумот на Европското ниво.

За горенапишаното располагаме со документација која можеме да ја дадеме на увид за тој што ќе покажи интерес за случајот.

Напоменувам дека за време на хоспитализацијата мојот брат три дена нонстоп беше под маска и контактиравме со пораки во кои ни се жалеше за нехуманиот однос на персоналот.

Со почит, од вечно ужалостеното семејство на 22 годишното братче кое ќе живее во нашите срца, додека ние постоиме.
НЕКА МУ Е ВЕЧНА СЛАВА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот