Како во старите добри времиња: Анџелина Џоли, Бред Пит и децата во шопинг! (ФОТО)

epa-efe
EPA/JIMMY MORRIS

Разводот и договорот за старателството над шесте деца на најпознатиот пар во Холивуд, Анџелина Џоли и Бред Пит сè уште се во фокусот на јавноста, па вест на неделата е тоа дека поранешниот брачен пар поминал некое време заедно.

Како што откриваат изворите за Entertainment Weekly, поранешниот сопружници се обидуваат на децата да им дадат здрава родителска поддршка.

– Бред и Анџелина поминаа многу долг пат и конечно стигнаа до местото каде што и двајцата сакаат заедно да учествуваат во воспитувањето и одгледувањето на своите деца -рекол изворот и додал дека парот не планира да се смири и дека секоја нивна меѓусебна комуникација се однесува на потребите и иднината на нивните деца.

Фото: Профимедиа

– Одлучија да живеат блиску еден до друг за и двајцата да можат да им бидат на располагање на децата. Заедничкото време што Бред и Анџелина го поминаа во нејзината куќа, не се случува првпат – открил изворот.

Додал дека поранешните сопружници сега се во многу подобри односи.

– И двајцата сакаат нивните деца да бидат здрави и среќни и да имаат поддршка од двата родитела. Помина доволно време и раните зараснаа малку, па конечно стигнаа до местото кога можат да ја вршат својата родителска задача на потполно здрав начин“, заклучил изворот.

До овонеделното дружење на поранешниот пар, според магазинот Marie Claire, дошло по интервјуто на Анџелина за „Вог“ Индија, во кое по четири долги години конечно ги објаснила причините за поднесувањето документи за развод од Бред Пит.

– Се разведов за доброто на моето семејство. Тоа беше правилната одлука, а продолжувам да се фокусирам на нив. Некои одлучија да го искористат мојот молк, а децата гледаат и ги читаат лагите што се пишуваат за нив во медиумите. Но се обидувам постојано да ги потсетувам дека само тие знаат која е вистината“, признала Анџелина Џоли и своите деца ги опишала како шестмина многу храбри и силни млади луѓе.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот