Како Виена стана една од најчистите светски метрополи

Фото: Профимедиа

Овој град, имено, има 3.650 автомати со бесплатни кесички за кучешки измет, 29.000 јавни канти за ѓубре (од тоа околу 21.600 со цевки за отпушоци), 2.100 самостојни цевки за отпушоци, 455.000 контејнери за преостанат и рециклажен отпад, 4.500 локации со контејнери за одвоено собирање на отпад и 16 градски депонии.

Австриската престолнина е една од најчистите метрополи во светот. Тоа достигнување не е случајност, туку последица од добитната комбинација на разните можности за управување со отпад, јасните правила за чистота, строгите контроли и паричните казни.

Во тоа клучна улога играат таканаречените „WasteWatchers“ (надгледувачи на отпад), кои веќе дванаесета година по ред контролираат дали граѓаните на Виена се придржуваат до градските прописи за чистота, пренесува „Investitor.me“.

Во Виена во моментов има околу 50 вработени „надгледувачи“ и 400 дополнително обучени претставници на виенските претпријатија за одлагање на отпад (МА 48) и одржување на градските паркови (МА 42) кои патролираат низ градот во јасно означени елеци или во цивилна облека.

За своите 12 години постоење тие имаат спроведено повеќе од 83.000 службени налози. Притоа само минатата година воделе 26.000 информативни разговори, поднеле преку 700 пријави за неправилно одлагање на отпад и напишале повеќе од 7.800 казни.

Паричните казни се движат од 50 до 2.000 евра. Ако „надгледувачите“, на пример, ве забележат како од автомобилот фрлат отпушок, ќе ви наплатат казна од 100 евра. Колку оваа иницијатива е успешна во смисла на превенција, покажува и бројката од 128 милиони прописно одложени отпушоци во 2019 година.

Членката на виенската управа за заштита на околината, Ули Сима, на чија иницијатива во 2008 година е донесен виенскиот Закон за одржување на чистотата, со кој е втемелена службата „WasteWatchers“, истакна дека нивната работа има значаен придонес за титулата на Виена како еден од најчистите градови, но и дека целта притоа не се максималните казни, туку максималната чистота.

Дека во Виена кога станува збор за чистината навистина нема место за изговори, потврдуваат и бројните можности за одложување на отпадот. Овој град, имено, има 3.650 автомати со бесплатни кесички за кучешки измет, 29.000 јавни канти за ѓубре (од тоа околу 21.600 со цевки за отпушоци), 2.100 самостојни цевки за отпушоци, 455.000 контејнери за преостанат и рециклажен отпад, 4.500 локации со контејнери за одвоено собирање на отпад и 16 градски депонии.

Затоа, воопшто не зачудува што Градот Виена од 2007 година до денес, меѓу другото, успеа за половина да ја намали количината на нелегално чуван кабаст отпад и со тоа дополнително да допринесе за заштита на околината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот