Како вашите деца повеќе да вежбаат? Еве како! (ВИДЕО)

Родители, учители, наставници, професори, негуватели… сите треба да го погледнат ова!

Нашите деца се помалку вежбаат, се помалку се физички активни, целосно се „заробени“ на компјутерите, телефоните…

Како да се изборите со тоа? Како детето да го одвоите од екраните (телефонот, компјутерот или пак телевизорот) од видео игрите и да го натерате да излезе надвор?

Кинеските училишта можат да бидат пример за сите. Најпрвин треба да знаете дека во кинеските училишта е задолжителна получасовната пауза за децата да вежбаат.

Со оглед на тоа што кинеските училишта се со голем број на деца и нема многу слободен простор за сите спортови, на директорот на едно училиште му паднало на памет дека може да го спои убавото и корисното – децата да вежбаат со насмевка и да сакаат да вежбаат.

Се сетил – ќе танцуваме заедно!

И така директорот и наставниците ги научиле чекорите на поп-денс кинеските песни и џускаат заедно со децата.

Децата се воодушевени!

Додека вашите деца се на летен распуст ова е одлична идеја и за вие како родители малку да се раздвижите, наместо да седите дома пред телефизорот, излезете со вашите деца во природа и танцувајте, организирајте ги и маалските деца заедно со родителите па танцувајте заедно, тоа е одлична дружба.

Децата ќе бидат воодушевени, погледнете!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот