КАКО УСПЕА ЧОВЕКУ: Неверојатен автогол на голманот на Гренобл! (ВИДЕО)

фото: твитер

Неверојатен автогол си постигна голманот на францускиот фудбалски второлигаш Гренобл, Брис Мобле, на гостинскиот натпревар во „Лига 2“ против Кан.

Вакви смешни моменти ретко се случуваат на фудбалските мечеви, но навистина е несфатливо вакви грешки да прават голманите, а на прв поглед воедно изгледа и многу сомнително.

Несфатливо лошо чуварот на мрежата на Гренобл ја исфрли топката од рака. Таа се одби од него и заврши во голот, а судијата покажа на центарот.

На крајот конечниот резултат на мечот Кан-Гренобл беше 2:0 за вкупно осма победа сезонава.

Моментно Кан е на 11. место со 34 бодови, еден помалку од екипата на Гренобл која ја има деветтата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот