Како „транспарентниот“ Роберт Поповски ги советува министрите: Подобро да им побегнеме на новинарите

Подобро да ни се лутат затоа што не сме излегле да зборуваме, отколку да не распнат. Вака министерот за отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, им зборувал на лицата од кабинетот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска додека новинарите и снимателите наместени ги чекале за прашања на темата, но и актуелностите како двојната функција на премиерот и тазе министер за финансии Зоран Заев и назначувањето на Садула Дураку во новото министерство за политички системи, објавува Истражувачката репортерска лабораторија – Македонија (ИРЛ).

Министерот за транспарентност, комуникации и отчетност во Владата, Роберт Поповски, заедно со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи утрово во Клубот на пратеници, на новинарите им ја презентираше Стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот.

ИРЛ објави дека нејзините новинари го слушнале министерот Поповски како ги советува пиар службите на Шекеринска да им избегаат на новинарите.

– Подобро да ни се лутат затоа што не сме излегле да зборуваме, отколку да нѐ распнат – ѝ рече Поповски на Лидија Јанчовска, портпаролката на министерката за одбрана незабележувајќи дека позади нив стои новинар.

Тогаш ИРЛ реагирале и му рекле:

„Вие сте министер за транспарентност и не може така да кажете“, на што тој рекол дека изјавите веќе се дадени (мислејќи на презентацијата на којашто немаше дозволено прашања за новинарите).

Целиот текст прочитајте го тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот