Како технологиите влијаат врз развојот на децата?

Денеска со почеток од 18 часот во Јавна соба (Public room), Здружението АЈНШТАЈН ја организира јавната трибина „Како технологиите влијаат врз развојот на децата“.

Целта на трибината е подигнување на јавната свеста преку пренесувања на мислења и искуствата од пракса на неколку истакнати експерти за штетното влијанието на современите технологии врз развојот на децата.

Трибината ќе биде отворена од страна на Првата дама на Република Северна Македонија проф. д-р Елизабета Ѓорѓиевска и Градоначалникот на Општина Карпош Г-дин Стефан Богоев.

Здружението АЈНШТАЈН во периодот од јануари 2019 до јули 2019 година го спроведува проектот „Вклучи внимание“ финансиран од Европската унија во чиј што рамки се организира конференцијата „Како технологиите влијаат врз развојот на децата“. Цели на проектот се зголемување на вниманието и фокусираноста на учениците за време на училишните часови и ангажирање на локалната власт на Општина Карпош во процесите за намалување на зависноста од паметните телефони кај учениците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот