Како Сузана Манчиќ „стопи“ 15 килограми: Ги носам фустаните кои некогаш не можев да ги облечам!

фото фејсбук

Дотуркав до 89 килограми, знаете што се 89 килограми? Тоа е уште малку па 90, а каде е 90 тука ќе бидат и 100. Кога си очаен, нема криза, одиш напред!, вели Сузана Манчиќ.    

Популарната водителка, пејачка и глумица Сузана Манчиќ (64), успеала за еден месец да изгуби дури 15 килограми со помош на липосукциска исхрана. Сузана, која важи за една од најубавите жени во регионот, вели дека липосукциската исхрана на некој начин ѝ го променила животот и погледите. Вели дека цел живот била на диети затоа што сака да јаде, и дека знаела дека се здебелила, ама не била свесна колку.

– Кај жената кога ќе влезе во менопауза сè се собира околу стомакот. Никогаш нема да заборавам, бев на една свадба, а кога ги видов фотографиите, бев толку бесна на себе што ги искинав сите фотографии. Фала богу што ги немам. Дотуркав до 89 килограми, објаснува поранешната лото-девојка, сè уште преубавата Сузана Манчиќ, и додава дека за околу еден месец симнала 11 килограми, а потоа, благодарение на нутриционистичките совети, без да почувствува, симнала уште четири килограми.

Обиколени сме со убави, млади тела и си велиме, боже, моето помина. Е па, моето не помина!

 Колку сте задоволни од липосукциската исхрана?

– Презадоволна сум! Кога првпат слушнав за третманот, мора да признаам дека бев скептична. Сум пробала многу диети и на прв поглед, тој концепт ми изгледаше бесмислен. Но, одлучив да пробам, бидејќи бев очајна поради фактот дека сум наталожила многу килограми. За нешто повеќе од еден месец изгубив дури 15 килограми, а тоа што е многу важно, тие килограми не се вратија. Освен слабеење, во текот на диетотерапевтсткиот третман, не ми страдаше кожата, немав никакви здравствени проблеми, како забрзано срцебиење или несоница, што е случај кај жените на мои години кога се на диета.

Што ја прави липосукциската исхрана различна од диетите кои порано сте ги пробале?

– Како најважно би го издвоила пристапот кон пациентот и поддршката која ја добивав во „Интернешнл хелт“ („International Health“). Кога почнав да губам килограми, нутриционистот ми кажа колку е важно да продолжам да се хранам според неговите препораки. Разговараше со мене за важноста на здравата исхрана и ме праша дали навистина сакам цел живот да бидам на редукциски диети и сакам ли да земам производи кои го поттикнуваат слабеењето. Таквите разговори и совети ми помогнаа да продолжам да се хранам здраво. Ме воодушеви фактот дека некој води сметка за личноста и после диетата и дека сака да ѝ помогне да живее здраво.

Како денес ја одржувате линијата? Има ли многу одрекувања?

– Кога човек е млад, сѐ може да издржи, додека со текот на годините сѐ станува потешко. Метаболизмот е побавен, а организмот старее. А, бидејќи сакам да јадам, одев од крајност во крајност – или се препуштав на целосен хедонизам или бев на строги диети кои, сепак, не даваа добри резултати. Кога ја поминав првата фаза на липосукциска исхрана, односно кога престанав со третманот, со нутриционистичките совети симнав уште четири килограми. Можам да кажам дека не ми беше тешко слабеењето.

Имате ли и Вие, како поголем број од жените, во гардероберот барем еден фустан што не го носите бидејќи е претесен, а сакате да го облечете?

– Кога ослабнав, ја средив целата гардероба и си реков дека веќе не смеам да се здебелам. Диетата е работа на карактерот, мора да бидеме подготвени малку да жртвуваме за својот изглед и здравје. После одрекувањата и подготвеноста да се придржувам на правилата, и успехот во губењето на килограми кој следуваше, одлучив да го одржувам тој баланс на духот и телото. Сега сум горда што и понатаму ги носам фустаните кои некогаш ми беа тесни, и тие ми се мерка.

Закажете и вие бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот на „International Health“ – Скопје (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.


Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот