Како старееме според хороскопскиот знак? Прочитајте за себе и за вашите пријатели, ќе биде интересно!

pixabay

Секој од нас старее, но на различен начин. Под влијание на планетите, според темпераментот, карактерните црти, јаките и слабите страни…, проверете како старее вашиот хороскопски знак. Астролозите велат дека постојат некои општи тенденции со кои се утврдува ист вид на однесување на хороскопските знаци.

Прочитајте за себе и за вашите пријатели, ќе биде интересно!

Овен

Овните ја игнорираат нивната возраст, живеат во даден момент, весели се и млади до крајот на животот. Во своите 60-ти години тие носат кожна јакна и покажуваат толку многу енергија што некои 20-годишни млади не можат ни да сонуваат.

Бик

Биковите сакаат да јадат малку повеќе, па затоа можат да зголемат телесна тежина со текот на годините. Тие не се флексибилни ниту физички ниту психички, но тие се издржливи и живеат долго.

Близнаци

Близнаците си поставуваат цели за себе на млада возраст и истите ги достигнуваат. Дури и во нивните подоцнежни години, тие продолжуваат да работат, напредуваат и да се развиваат, секогаш останувајќи млади во духот и умот.

Рак

Раковите се поделени на два вида: оној што никогаш не старее, и оној што во староста потсетува на Мајка Тереза. Бараат почит, тие стануваат вистински мудри советници.

Лав

Лавовите се мирни и осудувачки настроени. Во староста, тие веќе се искусни луѓе, сакаат да бидат авторитет и пример за многумина, а особено за внуците.

Девица

Девиците почнуваат да го прифаќаат светот околу нив со возраста. Тие се критични, се обидуваат да останат во форма, се грижат за своето здравје, се стремат кон совршенство во сè. Во старост тие се строги, паметни и добро негувани дами и господа.

Вага

Вагата се грижи за својот изглед без разлика на возраста, во староста се подмладува и си замислува дека изгледа помлада отколку што е.

Скорпија

Скорпиите се одважни и почитувани. Тие се мислат себеси за филозофи, дека се мудри, но премногу се насочени кон своите цели и верувања. Тие се тврдоглави, но наметливи старци.

Стрелец

Стрелците се обидуваат да не си ја забележат возраста и очекуваат комплименти за изгледот. Тие ја задржуваат својата привлечност и сексапил до крајот на животот.

Јарец

Јарецот е роден како „мал старец“, тој е мудар и сериозен, одговорен и смирен. Во староста пак, станува весел и многу дружељубив со дечиња.

Водолија

Водолијата е невообичаено сериозна. Со текот на годините, тие можат да станат ексцентрични, да не се грижат за мислењата на другите луѓе и се непредвидливи. Тие се многу „откачени“ старци.

Риба

Рибите многу се плашат од возраста, па затоа постојано повлекуваат линија за да видат каков е балансот, сумирајќи ги резултатите. Тие се загрижени во староста за нив самите и за сие околу нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот