Како српските медиуми известуваа за апсењето на Јанева!

Српските медиуми постојано објавуваат вести во врска со апсењето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, погледнете дел од насловите како медиумите кај нашиот северен сосед ги пренесуваат случувањата кај нас.

Српскиот Alo.rs – сакаше да подигне поголема прашина создавајки паничен наслов во кој наведе дека нашиот премиер е во паника откако паднала главната обвинителка, која притоа ја одвеле со лисици, а покрај неа наведува дека се уапсени уште двајца политичари, а во самиот наслов претпостави и дека ќе има и ново апсење со наведуваето на реченицата НЕКОЈ ОД НИВ Е СЛЕДНИОТ.

Еspreso.rs – отиде малку подалеку, па со својот наслов наведе дека во нашата земја е ОПШТ ХАОС, притоа наведувајќи дека откако Катица е уапсена, потребно е да се подготви и премиерот Зоран Заев.

Informer.rs – објави посмирен наслов во кој само извести за настанатата ситуација – АФЕРА „РЕКЕТ“! Приведена шефицата на Специјалното обвинителство на Македонија Катица Јанева!

Kurir.rs – сакаше да прикаже буквално како била уапсена Катица Јанева, наведувајќи детали од самото апсење притоа споменувајќи дека цели улици биле блокирани за таа да се уапси, иако била уапсена без лисици – ВАКА БЕШЕ АПСЕНА КАТИЦА ЈАНЕВА: Полицијата ја блокираше целата улица и влезе во куќата на специјлната македонска обвинителка! Без лисици одведена во Суд (ВИДЕО)

Мondo.rs –  сакаше преку Боки 13 да достигне поголема читаност за новонастанатата ситуација во нашата земја, па преку неговото име кое е многу добро познато во регионот го истакна насловот за апсењето на Катица Јанева, наведувајќи дека токму поради него паднала и таа – Афера Рекет: Поради Боки 13 падна и обвинителката Јанева

Politika.rs – постави новинарско известувачки наслов за денешното случување поврзано со Катица Јанева наведувајќи – Уапсена специјалната обвинителка Јанева поради случајот „Рекет“

RTS.rs – во својот наслов го нагласи претресот на домот и канцеларијата на Катица, притоа акцентирајќи дека таа е веќе зад решетки – Скопје: Јанева зад решетки, полицијата го претресе домот и канцеларијата

Ѕrbijadanas.com – исто така се потруди со „поексплозивен“ наслов да прикаже дека нашата земја буквално се тресе од аферата „Рекет“, раскажувајќи го притоа и претресот на домот на Катица Јанеца и спроведувањето пред судот.

Telegraf.rs – напиша класичен известувачки наслов во кој своите читатели ги запозна со новонастанатата ситуација во нашата земја – Уапсена Катица Јанева: Македонската специјална обвинителка во притвор поради аферата „Рекет“ (ВИДЕО)

Insajder.net – исто така, поставија наслов во кој известија за Катица денес е приведена – Поради случајот „Рекет“ уапсена специјалната обвинителка на Северна Македонија Катица Јанева

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот