Како сестри – нема да поверувате! Погледнете како изгледа мајката на Никол Кидман (ФОТО)

За убавата актерка Никол Кидман многумина коментираат дека годините не и можат ништо и дека таа совршено изгледа. Но, таа неколку пати се најде и на удар на јавноста, дека своето лице го уништила од претераното користење на ботокс, па некои дури ја нарекоа и Џокер.

Таа сега објави фотографија со својата мајка, а верувале или не, тие две навистина изгледаат како да се сестри.

Имено, Никол и го честиташе роденденот на мајка и Џанел, па објави фотографија на социјалната мрежа Инстаграм по тој повод.

– Среќен роденден, драга мамо. Многу те сакам, Оваа фотографија е толку типично НИЕ!, напиша Никол.

Коментарите гласеа дека генетиката е чудо и дека сега веќе е очигледно од кого прекрасната актерка ја наследила својата убавина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот