Како секогаш да изберете совршена ЛУБЕНИЦА? – Слободен печат
ЕспресоМагазинСемејствоХрана

Како секогаш да изберете совршена ЛУБЕНИЦА?

Зрелата лубеница треба да произведе полн, длабок и по малку шуплив звук.

Лубеницата е популарно летно овошје бидејќи најдобро освежува во летните денови. За да одберете сочна и зрела лубеница, обрнете внимание на следниве работи.

Првиот и најважен чекор е проценката на лубеницата. Погледнете дали на површината има вдлабнатини, или гребаници или други неправилности. Овие неправилни облици најчесто сигнализираат дека лубеницата цело време не добивала подеднакви количини вода и сончева светлина.

И тежината на лубеницата игра голема улога. Кога лубеницата е зрела, тогаш е и потврда, па затоа е најдобро да одберете неколку лубеници што ви се допаѓаат и кои имаат приближно иста големина, а потоа подигнете ги една по една. Најтешката од нив нека биде вашиот избор.

Исто така постои мислење дека симетричните лубеници се повкусни.

Лубениците што се долгнавести имаат повеќе вода, а округлите се послатки.

И бојата на кората е исклучително важна. Зрелата лубеница треба да има темнозелена боја. Ако кората е сјајна, веројатно лубеницата сè уште не е доволно зрела.

Слатката и зрела лубеница не би требало да има видлив остаток од стеблото, туку само мало дупче кое сиглнализира дека лубеницата сама се одвоила од стеблото.

И на крајот, нежно тропнете по кората на лубеницата и послушајте го звукот. Зрелата лубеница треба да произведе полн, длабок и по малку шуплив звук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close