КАКО СЕ ЖУРКАЛ ТРАМП: Опкружен со жени, танцувал, лудувал и ги допирал! Заедно со него и милијардерот педофил! (ВИДЕО)

Во 1992 година, американскиот претседател Доналд Трамп организирал забава со милијардерот и педофил Џефри Епстајн, кој моментално веќе втор пат го очекува судење за трговија со луѓе, поточно сексуално злоставување, силување и проституција со малолетнички. Најмладите помеѓу нив имале 14 години.

Американските медиуми сега објавија снимка од една забава на која Трамп и Епстајн се опкружени со девојки, наводно навивачки на американскиот клуб Бафало Билс. Забавата се случила во клубот на Трамп, Мар-а-Лаго.

Тој во еден момент држи една од девојките отпозади и ја плеска по задникот. Во друг момент, Трамп му покажува девојка на Епстајн и нешто му шепнува на уво.

Интересно е тоа што Трамп, кој американските медиуми го поврзуваат со Епстајн, во изјава од 9-ти јули негирал дека бил пријател со него. Постои сомнеж дека американскиот претседател барем еднаш летал со згогласниот приватен авион на Џефри, во медиумите познат како „Лолита Експрес“, поради шпекулациите дека токму во него милијардерот и неговите гости имале сексуални односи со малолетни девојки.

„New York Times” известува дека Трамп организирал приватна забава само за себе и милијардерот во Мар-а-Лаго за која “нарачал” 28 “девојки од календар”. Тоа се случило во 1992 година, кога била одржана и спорната забава од снимките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот