Како се живее во Виена, а како е да си студент во Африка, се формираат ли радикални верски групи? Утре во „Слободен печат“
Како се живее во Виена, кои се културолошките шокови со кои се судруваат при преселбата, се дружат ли Македонците меѓу себе или ги разединува политиката гледајте утре во интервјуто со дописникот на „Слободен печат“ од Виена- Австрија Зоран Русмир. Со него зборувавме за неговите патувања кои го враќаат во деветнаесетиот век, но и го носат во дваесет и вториот век, за животот како фотограф и за тоа дали се живее од фотографија.
Со Пецо Трајкоски – аналитичар од ЦРПМ зборувавме за тоа дали е можно случувањата на Блискиот Исток повторно да ги подгреваат стравувањта од возобновувањето на радикални верски групи на Балканот.
Македонскиот национален комитет при Светските Обединени Колеџи има отворен повик за средношколци од Македонија од втора и трета година коишто можат да го продолжат образованието во Индија, Кина, Канада, Германија, Африка и многу други земји ширум светот. Гледајте го интервјуто со Бобо Станковиќ и Јана Кралева дирекно од Америка. Тие раскажуваат за нивното лично искуство како дел од оваа програма и за сите детали како да се пријавите.
Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.