Како се влезени вакцините од Србија во Косово?

Основното обвинителство во Косовска Митровица започна да собира информации за влез на вакцини за коронавирус од Србија во општините на северот на Косово каде што живее мнозинското српско население, потврди за Радио Слободна Европа главниот обвинител во Митровица, Сукри Сула.

Како што рече Сула, истрагата се спроведува со цел да се соберат информации и да се утврди дали фармацевтски производи влегле во Косово од Србија, преку нелегални канали или не, пренесува Радио Слободна Европа.

„Не можеме да кажеме ништо за влезот, без да знаеме како влегоа тие производи и кои се луѓето што ги донесоа“, вели главниот обвинител во Митровица. Тој додаде дека можностите вакцините од Србија илегално да влезат на Косово се многу. „Ако имаме докази дека биле шверцувани – затоа што треба да има овластување за нивна употреба – и ако се нелегални, ќе започнеме кривична постапка против оние што го сториле тоа“, рече тој.

Претседателот Александар Вучиќ, во врска со критиките од Приштина за испраќање вакцини, изјави дека никој нема да ја спречи Србија да се грижи за животот на своето население во Косово и Метохија.

„Само затоа што тие ги контролираат административните премини, не значи дека можат да го запрат животот. Не испративме топови и тенкови, туку лекови и вакцини. Подготвени сме да им испратиме и на Албанците. Но, немој да кажуваш дека сме загрозиле некого“, изјави Вучиќ.

Тој ги праша албанските политичари која точка на Бриселскиот договор меѓу Приштина и Белград ја прекршила Србија на тој начин. „Каде е кршењето на договорот? Не измислувајте глупости, туку кажете која точка, кој напис, кој став? Србија исполни сè од тој договор, а тие не ја направија ни Унија на српски општини“, вели Вучиќ.

Косовската влада соопшти дека врз основа на информациите на Царината и Граничната полиција нема податоци дека вакцините за коронавирусот влегле на северот на Косово од Србија преку официјалните патишта. „Доколку овие вакцини влегле во Косово преку нелегални патишта, тогаш косовските институции ќе ги преземат неопходните законски мерки против лицата вклучени во оваа нелегална активност, трговија со дрога“, се вели во реакцијата на двете институции.

Како што се додава, увозот на медицински производи мора да биде во согласност со правилата за увоз и со овластување на Агенцијата за медицински производи и опрема, без разлика дали станува збор за редовен увоз или за донација.

„Доколку производот не ја следи оваа редовна постапка, тогаш тој се смета за нелегален производ, додека надлежните органи ќе преземат соодветни правни активности“, се додава во соопштението.

Во соопштението уште се посочува дека косовските институции немале официјална комуникација со институциите на Србија во врска со ова прашање.

Преземено од „Недељник“ од Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот