
Два руски стратешки бомбардери Ту-160 се вратија од патролната мисија над Балтичкото море, соопшти руското министерство за одбрана.
„Летот траеше повеќе од седум часа. Руските авиони на некои делници од рутата ги пратеа бомбардери од данска Ф-16, фински Ф-18 и шведски ЈАС-39 Гриспен бомбардери“, соопшти министерството додавајќи дека авионите се вратиле во својата база по мисијата.
Руските ловци редовно летаат над неутралните води во регионот на Арктик, Северен Атлантик, Црно и Балтичко море и Пацифички океан.
Како што се наведува сите летови се извршуваат во согласност со меѓународните правила, без кршење на границите на другите држави.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.