Како се пресметува стапката на смртност од ковид-19?

epa08357825 A nurse gives a vaccine against flu at a church in Buenos Aires, Argentina, 11 April 2020. Argentina has been in mandatory quarantine since 20 March and is now preparing for the extension of preventive and compulsory social isolation until 26 April, ordered by the Government. EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

На глобално ниво, бројот на починати од ковид-19 надмина еден милион, но стручњаците сѐ уште се трудат да го сфатат клучниот мерен подарок кога е во прашање пандемијата – стапката на смртност, односно процентот на лицата заразени со патогенот, кои умираат од последици на болеста.

Ова е преглед на прашањата што би можеле да придонесат за подобро разбирање на стапката на смртност од ковид-19.

Како се пресметува стапката на смртност?

За да се пресмета реалната стапка на смртност, потребно е да се спореди бројот на починати со вкупниот број на заразени, а тоа е именител кој останува непознат, бидејќи е тешко да се измери целиот опсег на асимптоматски случаи.

Многу луѓе кои се заразуваат со новиот коронавирус, едноставно немаат симптоми.

Научниците тврдат дека вкупниот број на инфекции, експоненцијално е поголем од моменталниот број на потврдени случаи на заразата, а тој во моментот во светот изнесува повеќе од 33 милиони.
Многу стручњаци веруваат дека коронавирусот усмртува 0,5 отсто до 1 отсто од заразените лица, што го прави глобално многу опасен, додека не се пронајде ефикасна вакцина.

Стапката на смртност кај лица помлади од 20 години, веројатно изнесува еден наспроти 10.000. Кај постарите од 85 години, смртно страда отприлика секој шести пациент – вели д-р Кристофер Мареј, директор на Институтот за метрика и евалуација на здравјето при Универзитетот „Вашингтон“ во Сиетл.

Што е стапка на смртност?

Очигледен е падот на стапката на смртност кога се мери во однос на бројот на новозаразени, потврдени со тестирање на коронавирусот.

Но, стручњаците сметаат дека воочениот пад е главно резултат на поголемиот број тестирања во споредба со тестирањата спроведени во првите денови од пандемијата, поради што и се откриваат повеќе заразени лица со благи симптоми на болеста или оние кои воопшто немаат симптоми.

На поголемиот број преживеани несомнено влијаеше и поквалитетниот начин на лекување на потешко заболените, како и подобрената заштита на ризичните групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот