КАКО СЕ ОПОРАВИ ЃОКОВИЌ: Беше „паркирана“ на 300 метри од стадионот!
Српскиот ас моментно се наоѓа во Србија, два дена помина на Копаоник на „Другаријада“, а се очекува за тој период за време на престојот во Белград одлучи дали ќе игра на турнирот во Токио кој што ќе стартува на 30 септември.
Новак Ѓоковиќ на „УС Опен“ имаше своја хипербарична комора, која што се наоѓаше во приколка во близина на стадионот „Артур Еш“, тврди „Дејли мејл“. Не така долго им беше потребно на Англичаните после повредата на рамото на првиот тенисер на светот, дадат свој печат на целата приказна.
Exclusive: Novak Djokovic took an oxygen chamber on the back of a lorry to the US Open in bid to improve performance and speed recovery https://t.co/aC4ytqp2cv
— Daily Mail Online (@MailOnline) September 19, 2019
Како што тврди истиот извор, Ноле приколката со хипербаричната комора ја возеше и на другите турнири кои се играа на американско тло оваа година – Индијан велс и Синсинати и напоменува како е тоа обично.
„Дејли мејл“ дури тврди дека добиле потврда од организаторот на „УС Опен“ дека Ѓоковиќ во текот на турнирот ја користеше хипербаричната комора. Потсетување дека Србинот го заврши настапот во четвртото коло кога мораше да го предаде мечот против Фернандо Вердаско поради повреда на левото рамо.
Уште од 2011 година ја користи оваа комора, во нејзе поминува по 20 минути, трипати неделно. Таа ја подобрува циркулацијата, видот, брзината на реагирање, издржливоста и силата, а воедно го зголемува и бројот на црвените крвни зрнца.