Како сами да направете паста за избелување заби?

Некои од производите кои ќе ви требаат се: сода, оцет и какао.

Луѓето годишно трошат три милијарди долари за избелување на забите. Постапката е прилично скапа, а мора и да се повторува. Во меѓувреме забораваме дека некои домови се преполни со прозиводи кои можат да ни помогнат да имаме холивудска насмевка. Некои од производите кои ќе ви требаат се: сода, оцет и какао.

Паста од ѓумбир и сол

За ова паста ви треба ѓумбир, сол и лимон. Смелете мали парченца ѓумбир, додадете ¼ лажичка сол. Пресечете резанка лимон и исцедете го сокот во смесата и добро измешајте. Нанесете на четка за заби, четкајте 3 минути.

Паста од листови на пеперминт и кокосово масло

За оваа паста ви треба листови од пеперминт и кокосово масло. Иситнете ги листовите и ставете ги во кокосово масло, добро измешајте и нанесете ја смесата на забите со четка. Не користете многу пеперминт, 3-5 листови е повеќе од доволно.

Паста од хидроген пероксид и сода бикарбона

Промешајте ја содата бикарбона со хидроген пероксидот, еден спрема два. Со оваа смеса нежно измијте ги забите, а потоа измијте ја устата со голема количина на вода.

Паста од какао во прав

За оваа паста ќе ви треба: какао во прав и кокосово масло. Какаото во прав измешајте го со кокосово масло или вода. Направете паста. Четкајте ги забите како и обично.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот