Како Русите се „бореа“ против допингот: убиства, прислушувања…

Во период од 11 дена во 2015 година, починале две лица кои директно работеа на проблемот со допингот во Русија, поранешниот директор на РУСАДА, Вјачеслав Синев и поранешниот извршен директор на руската антитопинг агенција, Никита Камеев.

На 9 ноември 2015 година ВАДА и официјално објави како РУСАДА се обидува масовно и систематски да ти уништи доказите за допинг на руските спортисти. Само неколку дена подоцна Камеев со поднесе оставка и најави дека сите детали ќе ги открие во книга која планира да ја објави. „Ројтерс“ објави дека Камеев екслузивно им најавил дека ќе пишува книга за допингот во Русија, но тоа никогаш не се реализира бидејќи 10 недели подоцна, Никита почина од срцев удар.

Веднаш по смртта, „Ројтерс“ открива дека поранешниот извршен директор на РУСАДА не работел против руските спортисти туку се залагал за укинување на суспензијата и дури успеал да издејствува тие да настапат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро 2016 година.

Само 11 дена по смртта на Камеев, почина и поранешниот директор на РУСАДА, Вјачеслав Симев. На почетокот смртта на вториот челник на РУСАДА претставуваше мистерија за јавноста, но неколку месеци подоцна е откриено дека и тој починал од срцев удар.

Западните медиуми беа убедени дека тоа е дело на државата која не сакаше да излезат во јавност доказите за системскиот допинг.
Колку Русија била подготвена да се „бори“ против допингот, покажува и потпретседателката на ВАДА, Линда Хелеланд во својата книга „Чист спорт, валкани игри“.

Таа потврдува дека била следена и прислушувана од норвешки компании кои работеле во „името на руските интереси“ и тоа поради нејзините остри ставови околу допингот на руските спортисти.

Линда Хелеланд беше една од двајцата членови на ВАДА кои гласаа против да и се активира лиценцата на РУСАДА во 2018 година. Неколку месеци по добивањето на лиценцата за антидопинг тестирања, Русите ги предадоа сите податоци, но беше откриено дека со приложените докази било манипулирано што резултира со денешната четиригодишна суспензија за рускиот спорт на меѓународни натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот