Како Русите научија од своите грешки од југот и го освојуваат истокот

руска армија EPA/

Северодонецк е целосно под руска окупација. Русите назначија командант за областа, изјави денеска шефот на градската воена управа Олександр Стриук. Во исто време се интензивираат нападите врз соседниот Лисичанск.

Иако инвазијата на јужна Украина траеше многу подолго од планираното и заврши со големи загуби за руската армија, се чини дека командантите на руската армија, врз основа на грешките од југот, сега смислиле стратегија за истокот.

„Градот е толку уништен што на луѓето ќе им биде тешко да се справат со оваа ситуација“, рече Стриук.

Серхи Гајдаи, највисокиот воен командант во источна Украина, вели дека армијата донела одлука за евакуација „бидејќи бројот на загинати на неидентификуваните територии може да расте секој ден“.

Последните податоци од фронтот покажуваат дека повеќе од 90 отсто од областа Луганск е под руска контрола, а идентична е ситуацијата и во соседната област Доњецк.

Која е причината за брзото напредување на Русите?

Причината за брзиот напредок на Истокот е фактот што руските војници учат од грешките што ги направиле во првите етапи од војната или како што го нарекуваат во Москва „специјалните воени операции“ во Украина, кои пред се вклучуваат подобра координација на воздушни и копнени напади, како и подобрена логистика и формирање на борбени линии.

руска армија  EPA PHOTO EPA/STRINGER//jt/kr

Иако многу западни земји продолжуваат да и доставуваат оружје на Украина (САД неодамна испратија ракетни фрлачи од типот ХИМАРС), во моментов нема индикации дека оружјето драстично ќе ја промени ситуацијата на теренот, делумно затоа што ракетните фрлачи испратени досега имаат ограничен дострел и број на проектили истрелани. Дополнително, руските сили успеаја да уништат дел од новото тешко вооружување кое Западот и го испрати на Украина, а во него имаше и хаубици од типот М777.

Како што рече и самиот гувернер Сергеј Гајдаи – се очекува наскоро крвавите битки во Северодонецк и Лисичанск да завршат со сценарио кое не е поволно за Украина.

Грешки на руската армија

Првата грешка на Русија на почетоците беше потценувањето на отпорот и способностите на помалите вооружени сили на Украина.

Русија има годишен буџет за одбрана од повеќе од 60 милијарди долари, во споредба со трошењето на Украина за оваа намена од нешто повеќе од 4 милијарди долари е преголемо. Голем дел од инвестициите на Русија се потрошени на нејзиниот огромен нуклеарен арсенал и експерименти, вклучително и развој на ново оружје, како што се хиперсоничните ракети.

Русија иако го изгради и најнапредниот тенк во светот – Т-14 Армата и тој беше виден на Парадата на победата во Москва на Црвениот плоштад, сепак тенкот „исчезна“ од фронтот во Украина. Поголемиот дел од арсеналот што Русија го испрати на терен се состои од постари тенкови Т-72, ​​оклопни транспортери, артилерија и ракетни фрлачи. На почетокот на инвазијата, Русија имаше очигледна предност во воздухот, бидејќи борбените авиони кои се движеа во близина на границата беа побројни од украинските воздухопловни сили за повеќе од три спрема еден.

Повеќето воени аналитичари претпоставуваа дека напаѓачката сила брзо ќе добие супериорност во воздухот, но тоа не се случи. Украинската воздушна одбрана продолжува да биде ефикасна, ограничувајќи ја способноста на Русија за маневрирање. Москва, исто така, претпоставуваше дека нејзините специјални сили ќе одиграат важна улога, помагајќи да се зададе брз, одлучувачки удар.

Клучот е во набавката и логистиката?

Во меѓувреме Русија досега се бореше со основни работи за време на војната. Постои една стара воена изрека дека аматерите зборуваат за тактики додека професионалците учат логистика, а многу аналитичари сметаат дека Русија не посветила доволно внимание на тоа.

Руска армија/ Фото EPA-EFE/STRINGER

Оклопните колони останаа без гориво, храна и муниција. Возилата се расипуваа и беа оставани, а потоа одвлечени од страна на Украинците со трактори.

Па така западните власти, исто така, веруваа дека на Русија можеби и снемува одредена муниција. Спротивно на ова тврдење, Русија имаше постојан прилив на оружје што Западот не го забележуваа додека се обидуваа на скришен начин побрзо да и испорачаат оружје на Украина.

Имајќи го сето ова на ум, состојбата доведе до болни битки на Југот, што резултираше со освојување на пристанишниот град Мариупол. Меѓутоа, наместо да продолжат понатаму на Југ, руските трупи ги пренасочија нападите кон Исток, особено насочени кон Северодонецк и Лисичанск.

Како што изгледа сега, овие градови наскоро ќе паднат под руска контрола, токму поради подобрата координација на нападите и зголемената логистика на теренот, што дури ни западното оружје не успеа да го загрози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот