Како Ријана ги разлути муслиманите? Да се користат свети исламски стихови во ревија за долна облека е недопустливо

профимедиа

Американската пејачка Ријана предизвика бурни реакции во јавноста откако муслимански обожаватели ја „осудија“ за несоодветната употреба на исламскиот Хадис во нејзината ревија за долна облека.  

Ријана неодамна ја претстави својата линија на долна облека наречена „Savage X Fenty“ во која користела исламски Хадис како музичка позадина.

 

Моделите играа во долна облека на песната „Doom“  на артистката Куку Клои, како дел од шоуто на Ријана во петокот. Песната, објавена во 2017 година, вклучува ремикс на раскажување на Хадис за „судниот ден“.

Хадисот кој е пишан запис за изреките и постапките на пророкот Мухамед и неговите најблиски придружници, се смета за исклучително свет за муслиманите, авторитетноста на текстот е веднаш после Куранот.

Instagram

Пејачката предизвика гнев на социјалните мрежи, таа беше обвинета за непочитување на вредностите и темелите на Исламот со употреба на песна во која стиховите од Хадисот без почит биле вметнати во музиката.

Тимот на Ријана не одговори на критиките, но затоа Куку Клои се извини на јавноста.

„Сакам длабоко да се извинам за навредата предизвикана од вокалните примероци користени во мојата песна „Doom“. Песната е создадена со примероци од „Baile Funk“ што ги најдов на Интернет. Во тоа време, не бев свесен дека се користи текст од Хадис“, изјавила Куку Клои.

Instagram

„За нас муслиманите, Ахадит е Свето писмо и основен дел од нашата религија… Да се види Хадис користен во таков контекст, како од уметникот, така и од тимот на Ријана и „Fenty“ беше навистина невкусно и без почит“, изјавил извршниот директор на модниот бренд „5ive Pillars“ инспириран од источната и исламската култура.

Instagram

„Ријана, јас те поддржував во сè што правиш, но денес ти не ја почитуваше мојата религија, јас сум толку навредена“; „Во ред е човек да направи грешка, но не е во ред да не се извини за тоа, тоа е непочитување на исламот и муслиманите“ беа само дел од коментарите на вознемирените обожаватели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот