Како реагираше Твитер на убиството на генералот Сулејмани?

Фото: Профимедиа

Постојат бројни шпекулации за тоа што ќе се случува откако американските сили го ликвидираа иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Убиството предизвика влошување на веќе нарушените односи меѓу двете земји.

Покрај името на убиениот генерал, на Твитер меѓу најзастапените поими кои се пребаруваат се најде и името на „Франц Фердинанд“, „Трета светска војна“, како и името на „нарачателот“ на убиството на генералот, Доналд Трамп, наведува Би-Би-Си.

Алузијата на Франц Фердинанд, после чиј атентат започна Првата светска војна е многу јасна. Меѓутоа, корисниците на Твитер одлучија да ја искористат целата ситуација, и покрај „црните предвидувања“, направија и по некоја шега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот