Како ракометар, со една рака – најлудиот кош на сезоната во НБА! (ВИДЕО)

фото: твитер

Со еден мал танц Стивен Адамс ја прослави оваа неверојатна тројка за неговата Оклахома против екипата на Њу Орлеанс Пеликанс…

Стивен Адамс имаше причина да биде добро расположен, неговата Оклахома славеше на гостувањето кај Њу Орлеанс со резултат 123:118.

Придонес во триумфот имаше интернационалецот од Нов Зеланд („дабл-дабл“ учинок од 11 поени и 11 скокови) кој се најде во центарот на вниманието со еден негов спектакуларен потег.

Пред крајот на првото полувреме Адамс реализираше тројка, без сомнение една од „најлудите“ во досегашниот дел од сезоната во НБА лигата.

Во последната секунда пред паузата од пола терен и тоа со една рака успеа да постигне тројка, погледнете како тоа изгледаше на видео записот..

Следуваше славје на играчите на Сити Тандерс, и со еден мал танц го прослави овој спектакуларен кош.

Оклахома после оваа победа има моментно 33 победи и 22 порази и се наоѓа во зоната за пласман во плеј-офот во Западната конференција на шестата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот