Како Путин ја држи Европа во рака

владимир путин
Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/ALEKSEY NIKOLSKYI / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Бројни планови за наводна руска инвазија врз Украина, излегоа на виделина во последните месеци. Додека САД и нејзините сојузници испраќаат војници и оружје, за да и пружат барем мала шанса на Украина, Германија практично цело време е воздржана околу заканите на рускиот претседател Владимир Путин. Причината е прилично едноставна – податоците на Евростат велат дека речиси 47 отсто од гасот влегува во Европската унија од Русија.

Опасно мириса на војна: Американски војници испратени во Европа, а ако Русија ги оствари своите закани, тоа ќе биде голема војна со тешки последици за целиот свет

Рускиот гас сочинуваше 30 отсто од вкупните испораки на гас во Европа во 2010 година, но во првата половина на 2021 година тој изнесуваше повеќе од 45 отсто според податоците објавени од Еуростат, додека најголемото количество руски гас завршува во Германија, Италија, Франција и Австрија.

Германија продолжува со плановите да ги затвори своите нуклеарни централи оваа година – сметајќи ги за штетни за животната средина – и покрај неколкуте студии кои предупредуваат дека слични потези во минатото ја зголемија зависноста на земјата од фосилни горива. Можеби не е чудно да се открие дека Германија има најтолерантен однос кон Путин.

Криза со гас во Европа: Што ако Русија ја запре испораката?

Холандија, еден од главните домашни снабдувачи со гас на континентот, исто така планира да го затвори своето најголемо наоѓалиште на гас оваа година по серијата земјотреси, додека норвешката влада – најголемиот снабдувач во Европа – е под притисок од еколозите да ги намали резервите на гас.

Снабдувањето со гас е слабо поради постудените зими од очекуваното, сметаат аналитичарите.


„Катастрофа за потрошувачите“

Британските енергетски ексепрти ја предурпедуваат влада во Лондон дека потпирањето и зависноста од снабдување со странскиот гас е „катастрофа“ за Британија и нејзините потрошувачи.

Во исто време, аналитичарите на инвестициската банка Голдман Сакс сметаат дека Европа има доволно складиран гас за да ја преживее зимата, но доколку температурите паднат,тоа би довело до зголемена побарувачка и сегашните резерви нема да бидат доволни.

„Ако тоа се случи, веројатни се прекини во електричната енергија“, велат банкарските аналитичари.

Дури и ако Русија ги зголеми испораките во регионот, цените на гасот во северозападна Европа веројатно ќе скокнат двојно повеќе од вообичаеното, сметаат тие.

Доколку сите резерви на гас се потрошат, Европа ќе биде принудена да се сврти кон Русија , во време кога САД се обидуваат да формираат заеднички фронт против Путин и Русија.
Рускиот моќник веќе ја кажа својата цена за зголемување на снабдувањето со гас во Европа: одобрување на гасоводот Северен тек 2 и заобиколување на Украина, што би ѝ го одзело приходот од транспортот на гас.

Како кризата може да се „надмине“?

Рускиот министер за енергетика Александар Новак изјави дека одобрувањето на Северен тек 2 „што е можно поскоро“ ќе даде „позитивен сигнал“ и ќе овозможи „намалување “ на актуелната гасна криза. Дел од енергестките преставници одат дотаму што изјавуваат дека Русија нема обврска да испорачува дополнителни количества гас, пренесува „Њујорк Тајмс“
Едиснтвен извор од каде Европејците можат да добијат нови количини гас?е Северен тек 2“, велат во Москва

САД силно се противат на отворањето на гасоводот, стравувајќи дека тоа дополнително ќе ја зголеми зависноста на Европа од Русија и ќе му даде на Путин огромно влијание врз политиката во регионот.

Владините претставници се загрижени дека Русија ќе го ограничи снабдувањето со гас за европските земји доколку дојде до инвазија на Украина.

Европа се потпира на Русија за околу 47 отсто од својот природен гас, најголемиот дел преку гасоводи – вклучувајќи го Џамал, кој минува низ Белорусија и Полска до Германија, Северен тек, кој оди директно до Германија и рутите преку Украина.

Сега Германија е на потег

Гасоводот Северен тек 2 е предмет на многу дебати во Германија. Министерството за надворешни работи неодамна го презеде Аналена Бербок од редовите на Зелените, која остро се противи на овој проект.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со Бербок во Москва изјави дека овој гасовод ќе придонесе и за германската и за европската енергетска безбедност.

Аналена Бербок и Сергеј Лавров
Аналена Бербок и Сергеј Лавров / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV

Од друга страна, Бербок вели дека Берлин ќе истрае во одбраната на основните вредности, дури и ако треба да плати висока економска цена за тоа, во случај на руска инвазија на Украина.

Додека едни го обвинуваат Путин за блефирање, други предупредуваат – опасен е кога ќе го турнете во ќош, поради што се навестува дека ситуацијата на Истокот ќе може да се реши во блиска иднина.

Опколете ја Русија, соборете го Путин и преземете ја енергијата: Како Русите ја гледаат кризата во Украина?

ВИДЕО | Андоновиќ: САД и Русија подготвени да се борат до последниот Украинец?

ВИДЕО | Бајден: Можни се санкции лично против Путин доколку Русија ја нападне Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот