Како правилно да ја одржувате хигиената во кујната додека трае коронавирусот

Во куќата има неколку места на кои треба да се обрне посебно внимание и кои треба многу често да се дезинцицирааат. Сепак, најмногу треба да бидете сконцентрирани на кујната, односно за местото каде подготвувате храна.На таквите места, хигиената постојано треба да биде на високо ниво.

Хигиената во домот, особено во кујната, е важна секогаш а особено сега, кога секој човек се обидува колку што знае и умее да се заштити себе си но и членовите на своето потесно семејство од коронавирусот.

Причините за појава на паника од новонастанатата состојба, значително  ќе ги намалите доколку знаете дека сте направиле се што било во ваша моќ за ова заразно заболување да го спречите колку што можете.

Во куќата има неколку места на кои треба да се обрне посебно внимание и кои треба многу често да се дезинцицирааат. Сепак, најмногу треба да бидете сконцентрирани на кујната, односно за местото каде подготвувате храна.На таквите места, хигиената постојано треба да биде на високо ниво.

Миење на раце

Миењето на вашите раце во овој период е исклучително важно. Сепак, впрочем како и до сега, избегнувајте тоа да го правите во кујната. Секогаш нечистотијата од рацете отстранувајте ја во бањата. Никогаш немојте ниту за момент „да ги плакнете рацете“ на кујнската чешма дури и кога сте „сигурни“ дека не ви се валкани. Тоа е така бидејќи бактериите кои претходно биле на рацете, со нивно миењето можат лесно да се најдат на работната површина на кујната. Подоцна со подготвувањето на храната, можете да ги внесете во организмот.

Правилна и темелна термичка обработка на намирниците

Едно од најважните правила за хигиена на храната која ја јадете се состои токму во нејзината термичка обработка. Затоа, месото, јајцата и другите намирници кои се од животинско потекло, убаво згответе ги и тоа на висока температура. Кога станува збор пак за зеленчукот и овошјето кои сакате да ги јадете свежи, во тој случај, откако нив убаво ќе ги измиете под силен млаз вода, оставете ги да откиснат најмалку 20 минути во вода во која претходно сте растворили малку сода бикарбона или пак сте савиле неколку лажички алкохолен оцет.

Правилно складирање на храната

Кога ќе завршите со оброкот, храната која ќе ви остане, во никој случај немојте да ја чувате отворена. Секогаш, преместете ја во сад кој има капак и ставете ја да стои во фрижидер. Ова е најдобриот начин да ја заштитите хранат од собирање на бактерии по целата нејзина површина.

Чистење на работната површина

Комплетното бришење на целата работна површина на кујната откако ќе завршите со подготовка на храната, е суштинска потреба доколку сакате да ја одржувате хигиената и тоа на највисоко ниво. Единствено на овој нчин, се во кујната ќе ви „биде под конец“ а истовремено ќе ја спречите и можноста за брзо ширење на бактериите.

Штица за сечкање на храната

Исклучително важно е, секогаш откако ќе ја искористите вашата дрвена штица за сечкање на храната, неа комплетно да ја исчистите. Тоа е така бидејќи дрвените површини во кујната, се совршено место за собирање на голем број штетни бактерии.

Кујнска канта за ѓубре

Речиси и да нема кујна во која домаќинката за полесно складирање на отпадот, нема поставено кујнска кантичка за ѓубре. Ваквите кантички иако се мали, доколку отпадоците во нив не се соодветно третирани, тие се можност за неконтролирана зараза во домот. Тоа е така, бидејќи нема да треба многу време за отпадоците од храна кои сте ги фрлиле во ваквата канта, да почнат да се распаѓаат а со тоа да заапочнат да се развиваат и голем број на опасни бактерии.

Обрнете внимание на маслото за јадење

Дали некогаш ви се случило да истурите масло за готвење на кујнската површина или пак на плочките? Сигурно досега неколкупати сте биле сведоци како додека ја подготвувате храната, маслото кое сте го ставили во тавата, ви прска на сите страни…

Токму сега, во време кога треба да внимаваме на хигиената во домот повеќе од било кога, обидете се да изнајдете начин како да ја спречите ваквата појава.

Обидете се да бидете исклучително внимателни, бидејќи развивањето на бактерии на плочките, работната површина но и на самите садови, доколку маснотијата стои подолго време на нив, е исклучително голема а со тоа и опасноста од внес на ваквите бактерии во вашиот организам се зголемува.

Одржувајте го фрижидерот чист

Одржувањето на хигиената во внатрешноста на фрижидерот е едно од најважните правила. Бактериите од храната која малку се подистурила но и оние од храната која започнала да се расипува а сеуште се наоѓа во фрижидерот, можат да направат сериозна штета и важат за вистинска закана врз вашето здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот