Како правилно да ги чувате намирниците да не ви се расипат?

Погрешно чување на намирниците може лошо да влијае на здравјето.

Навикнати сме поголем дел од намирниците кои ги купуваме од маркет да ги ставаме во фрижидер. Покрај овошјето, зеленчукот, лебот и слатките, некои во фрижидер ставаат и сосеви и конзерви. Погрешно чување на намирниците може лошо да влијае на здравјето.

Намирници кои треба да се чуваат на темно и суво место

ЛЕБ

Најдобо место за чување на лебот е во кутија за леб. Ако го ставите во пластична кеса, лебот че остане мек, но постои голема можност за неколку дена да мувлоса. Пластичните кеси не му дозволуваат да диши, создаваат влага која некои бубашваби ја овожаваат. Да го ставата лебот во фрижидер исто не е добра идеја, бидејќи водата испарува, па лебот може многу брзо да стане сув. Ако сакате да го одржите лебот подолго време свеж, можете да го оставите во замрзнувач од четири до шест месеци.

ЧОКОЛАДА

Ова слатко е лесно да го сместите. Најдобро е да го чувате на студено и темно место.Не би требало да го ставате во фрижидер. Разликата во температурата ќе доведе до кондензација на водата на поврзшината на чоколадото и ќе побели.Ова не влијае на вкусот, ама затоа чоколадото не изгледа привлечно.

МЕД

Медот нема рок на траење, барем така се верува дека има неограничен рок. Најважно е правилно да го чувате. Медот мора да стои на студено и темно место, но не во фрижидер. Во фрижидер ќе се кристализира и ќе изгуби некои од своите карактеристики.

МАСЛИНОВО МАСЛО

Ова масло би требало да се чува на собна температура, далеку од сонце. Не го ставајте во фрижидер, ниските температури можат да доведат до создавање бели делови (кондензирана вода).

 

Намирници кои треба да стојат на полица во кујната

ПОРТОКАЛИ и останати цитрусни овошја

За да не се расипат цитрусните овошка треба да стојат на кујнса полица. Не ги ставајте во фрижидер, ниските температури влијаат на вкусот на овошјето.

КРАСТАВИЦИ

Овој зеленчук може да стои во фрижидер, но само неколку дена. Ниските температури прават краставицата брзо да скапе. За да се задржи свежината подолг период , чувајте ја надвор од фрижидер, на полица во кујната.

ДОМАТИ

Овој зеленчук не поднесува ниски температури. Во фрижидер станува мек и брзо ги губи нутритивните својства.

ПИПЕРКА

Иако многу сакате пиперките да ги ставите во фрижидер, немојте! Фрижидерот ќе напрваи да го изгубат својот природен вкус. Студениот воздух го забавува природниот процес на созревање и ја уништува тенката мембрана во внатрешниот дел.Тоа е она што ја прави пиперката по несочна.Чувајте ги а собна температура во проѕирна кутија.

Намирници кои треба да стојат во фрижидер

ЈАЈЦА

Домаќинките често се расправаат околу тоа како правилно се чуваат јајцата. Некои велат дека јајцата единствено стојат во фрижидер, додека други тврдат на собна температура. И двете страни се согласуваат дека не треба да стојат на вратат на фрижидерот, бидејќи разликата на температурата може да имго намали рокот. Стручљаниците препоралуваат да не се вадат од опаковката и купијата подолго време ќе ги одржува свежи.

БРАШНО

Брашното изгледа лесно за складирање, но не е така. Високите температури можат да доведат до појава на бубачки или мувла во брашното, па веднаш да го фрлите. Најдобра опција за чување на брашното е тегла во фрижидер или на затворено суво место.Температурата треба да биде помеѓу 10 и 18 степени.

ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ

Многумина мислат дека оревите се чуваат на собна температура, но не е точно. Некои плодови како бадемот и оревот можат и една недела до две да бидат на собна температура, но после тоа ќе се расипат. Најдобро е да ги чувате во фрижидер. На тој начин ќе можете да ги користите во наредните 9 месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот