Како последица од снегот: Две излетувања од коловоз и осум повредени

Тетово/ Фото: МИА

Откако вчера во тетовскиот регион наврнаа неколку сантиметри снег и се појави голомразица на патиштата, се случија и две излетувања од коловозните ленти со вкупно осум повредени лица. Првата незгода се случила околу 18.45 часот во селото Јажинце.

– Патничко моторно возило „фолксфаген голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Г.Д. од ова село излетало од коловозот. Возачот и тројцата сопатници пренесени се во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. Околу 19 часот и 20 минути на локалниот пат за тетовско „Бањиче”, патничко моторно возило „тико” со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал 22-годишниот тетовец И.Р., а во кое се превезувале уште четири други лица излетало од коловозот. Четворицата повредени пренесени се во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски.

На двете места каде имало сообраќајни незгоди полицијата извршила увид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот