Како последица на коронавирусот: Глобалниот туризам без 460 милијарди долари приходи

Фото: EPA-EFE/Juan Carlos Cardenas

Глобалниот туристички сектор е покус за околу 460 милијарди долари приходи во првите шест месеци од 2020 година, како резултат на намалувањето на бројот на патници поради корона-кризата, соопштија Обединетите нации (ОН).

Загубените приходи меѓу јануари и јуни „се околу пет пати поголеми отколку загубите на приходите од меѓународниот туризам пријавени во 2009 година во услови на светска економска и финансиска криза”, се вели во соопштението на Светската туристичка организација со седиште во Мадрид.

Меѓународните туристички патувања се намалија за 440 милиони во периодот јануари-јуни, при што Азија, првиот регион што го почувствува влијанието на Ковид-19, забележа најголем пад.

– Ова е невидено намалување поради затворањето на границите на земјите ширум светот како одговор на пандемијата”, велат од туристичката организација.

Иако туризмот полека се враќа во некои дестинации, телото на ОН предупреди дека „намалената побарувачка за патувања и довербата на потрошувачите” ќе продолжат да му штетат на секторот во остатокот од годината.

Меѓународните туристички патувања се предвидува да паднат за околу 70 отсто во 2020 година како последица на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот