Како последица на коронавирусот почина српскиот актер Марко Живиќ

Марко Живиќ
Живиќ ги помина последните денови во болница, на респиратор, и ова беше вторпат да биде хоспитализиран поради коронавирусот / Фото: Скриншот, Јутјуб

По тешката битка со коронавирусот, на 49-годишна возраст почина српскиот актер Марко Живиќ.

Живиќ ги поминал последните денови во болница, на респиратор, и ова било вторпат да биде хоспитализиран поради коронавирусот.

Првиот пат кога бил примен, неговата состојба се стабилизирала, па бил пуштен на домашно лекување, но симптомите одеднаш се влошиле. Вториот пат, за жал, ја загубил битката.

Инаку, на Марко Живиќ му бил отстранет малиген тумор во 2008 година, кој потоа зафатил делови од неговиот хранопровод и стомак. Во една прилика, гостувајќи во емисијата „Преживеани“ на К1, Живиќ открил дека има рак.

– Го открив сосема случајно. Отидов кај академик д -р Предраг Печка, директор на Институтот за болести на дигестивниот тракт, и така дознав дека имам стомачен проблем, а потоа и болест на хранопроводот. Денес имам засек од 15 сантиметри, долж градите и стомакот. Мојата операција траеше седум и пол часа. Но, сфатив дека имам две опции: или храбро да влезам или да се откажам. Се разбира, јас веднаш се одлучив за оваа првата – рече во една прилика Живиќ, пренесува српски Блиц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот