Како подготвеноста во градинките им помага на децата во целиот образовен процес

Фото: Unsplash

Градинката всушност има многу важна улога за успехот на детето во средно училиште и целиот образовен процес, покажува новата студија објавена од Американската академија за педијатрија. Градинката ги подготвува децата уште во рана фаза во животот и им помага во создавање на „животен стил“, велат истражувачите.

Во истражувањето биле вклучени 966 деца од Канада во кое го споредувале нивото на ангажираност на 5 години и потоа на 17 годишна возраст.

Научниците ја открија поврзаноста на училиштето, со чувството на вознемиреност, употребата на супстанции, физичката активност како и тежината.

epa
EPA

Кога сме возрасни, нашите навики и рутини се врежаниво нашите мозоци и многу е тешко да се променат работите“, вели д-р Илан Шапиро, педијатар и соработник на Американската академија за педијатрија.

Кога сте млади, „процесорот“ е потполно чист и ова е можност да го изложите на постапки и однесувања што се усогласуваат со здравите навики и начини на живот“, вели тој.

EPA
EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Истражувачите утврдиле дека градинката е првата „официјална средина за социјализација“ на децата. Со тоа, ангажманот во градинка може да биде предиктор за подобри оценки, да создава подобра врска и адаптација со образовниот процес што следува, како и поголема вклученост во физичка активност на самата индивидуа.

Така се градат врските помеѓу образованието и здравствените индикатори, што укажува на тоа дека децата кои започнуваат на училиште со претходна посета на градинка се стекнуваат со поголема предност во создавање „подобар“ животен стил.

Експертите велат дека опкружувањето на децата е многу повеќе од само „училишна обврска“.

EPA-EFE
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

„Здравјето вклучува социјална и емоционална благосостојба, како што е чувството на сигурност, припаѓање, можност за позитивна интеракција со врсниците и можност да им веруваме на возрасните кои предаваат и се грижат за нас, како и љубопитноста и желбата за учење“, вели д-р Това Клајн, директор на Центар за развој на деца во склоп со колеџот Бернард.

Искуствата со кои се соочува детето во првите 3 години се „тули и малтер“ за развој на мозокот.

Поврзувањето на овие позитивни искуства од раното детство со висококвалитетна програма во градинките е рецепт за одличен почеток кон економската мобилност на децата кон академското образование, но исто така и социјалното и емоционалното искуство“, велат истражувачите.

EPA-EFE
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Студијата посочува дека децата кои влегуваат „неподготвени“ во образовниот систем може да влијаат врз целото општество.

Стапката на напуштање на средното училиште носи големи медицински и социјални трошоци… Особено, напуштањето е поврзано со поголем ризик од сиромаштија, зависност од никотин, ниска самодоверба, депресија, невработеност и вмешаност во криминално однесување“, велат истражувачите.

Студијата се однесува на предучилишна возраст, програми за обука на родителите и рани медицински прегледи.

EPA-EFE
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Педијатрите можат да играат клучна улога во унапредувањето на подготвеноста за училишниот процес, помагајќи им да се осигураат дека децата добиваат правилна исхрана, спиење и развојни искуства што им се потребни за да развијат силна подготвеност“, пишаа истражувачите.

Токму педијатрите се тие кои можат да им помогнат на децата во процесот на нивната прва изложеност на „закани“ од животната средина, вклучувајќи токсини, прекумерно време поминато пред екран, како и изложеност на хронична непогодност, што може да има форма на домување или неправилна исхрана, семејно насилство, родители со проблеми со менталното здравје како и искуството со дискриминација и системски расизам.

EPA-EFE
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Истражувачите ги поздравија и пофалија скандинавските земји кои ја нагласуваат играта и се занимаваат со нивната околина на свој начин, што, гради основа на самодоверба и ги учи децата да ја следат нивната љубопитност.

Додека да научат да читаат, децата брзо се адаптираат а желбата да научат на поформален начин се јавува токму во градинката. Децата најмногу учат во процесот на набљудување, тие учат повеќе со набљудување како учат возрасните, не толку од она што тие им го кажуваат.

EPA-EFE
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Дејствата на возрасните околу нив, се поважни од предавањата што им се приложуваат. Одличен пример за ова е да им кажеме да јадат здраво и да избегнуваат нездрава храна додека во рацете имаме кесичка чипс. Децата повеќе учат визуелно отколку со зборови“, велат истражувачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот