Како песна на Џон Ленон го инспирираше Стивен Кинг да го напише познатиот роман „The shining“?

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Џон Ленон беше пејач и текстописец со огромно влијание на сите околу себе. Поединечни жанрови, како што се психоделијата и авангардната музика, едноставно не би биле исти без него. Она што е изненадувачки е дека неговото влијание се прошири и влијаеше и на ремек делото од Стивен Кинг, хорор романот „The shining“.

Токму „The shining“ е една од најпознатите книги на Кинг, а насловот се однесува на натприродните способности кои ги делат поединечни ликови, додека терминот био, верувале или не, всушност е инспириран од хитот на Џон Ленон, „Instant Karma!“.

Како соло уметник, Џон често создаваше неконвенцијална музика. „Instant karma!“ е една од неговите „попристапни“ соло песни и веројатно затоа стана голем хит.

Кога Ленон ја пишувал песната, веројатно не размислувал за хорор романи. Од друга страна, Кинг никогаш не криеше дека слуша музика додека пишува книги.

Па така моменталната карма успеа да изврши значително влијание на „The shining“. Рефренот на песната го инспирирал концептот во „The shining“, кој е клучен за романот.

Значајно е и дека книгата во текот на креативниот процес ги менувала насловите. Кинг првобитно сакал да и даде многу сличен наслов – „Shiner“, меѓутоа, некој му укажал на тоа дека тој термин некогаш се користи за да се навредат луѓето од црната расa, па така се одлучил за „The shining“ и поврзаноста со песната на Ленон останала иста.

За жал, во филмската адаптација на романот, каде главнатау лога ја толкува Џек Николсон,  не се споменуваат „Instant Karma!“, Џон, или Битлси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот