Како пандемијата од корона вирусот ќе влијае врз нашето ментално здравје?

Џенифер Џегер е лиценциран професионален терапевт кој за „Бизнис инсајдер“ пишува зошто траумата како последица од пандемијата со корона вирус ќе ја чувствуваме со години откако ќе помине.

Иако немаме вистинска референтна рамка што всушност значи пандемија, бидејќи многу од нас ниедна не преживеале до сега, многу луѓе имаат минато искуство со трауми кои потекнуваат од слични околности. На пример, лицата кои претходно се чувствувале заробено, изолирано или беспомошно, може да искусат емоции кои ги доживеале во текот на некоја друга претходна траума.

Додека некои луѓе се среќни што успеале да го зачуваат работното место и работат од дома исто така знаеме дека не чека голема финансиска нестабилност која ќе влијае на сложени варијабили на страв. Нашето лично искуство за она што во моментов се случува се состои од менување на случувања на секојдневно ниво, што е збунувачко и вознемирувачко особено затоа што планирањето на индниата изгледа невозможно.

Траумата е физички, ментален и емоционален одговор кој се случува кога акцијата ќе покрене хормонален одговор за кој нашиот мозок ни дава информација дека сме во опасност. Нашите сетила ги превземаат податоците, а ние ги доживуваме како потсетник на слично претходно искуство.

Тогаш чувствуваме варијација на страв на емоционално ниво. Нашиот мозок ослободува хормони кои го мобилизираат физичкиот систем да не предупреди на опасност во која се наоѓаме и создава одговор кој може да биде борба или потполно „замрзнување“.

Еднаш кога ова ќе се случи повеќе не делуваме во оптимален распон на реагирање на секојдневната ситуација.

Што можеме да направиме за да се навикнеме на траумата која моментално ја преживуваме?

Кога доживуваме траума ние сме ограничени во можностите истовремено да обработуваме многу други искуства бидејќи огромен дел од нашата енергија се насочува кон преживување на моменталната ситуација.

На пример за да одите во продавница мора да испланирате да носите маска, ракавици, да не го допирате лицето, да се држите подалеку од другите луѓе, да допирате што помалку работи, а потоа да ги дезинфицирате своите намирници, облеката и телото кога ќе се вратите дома. Додека сте во продавница вашиот мозок е преокупиран со мисли и чувства околу прашањето дали некој околу вас може да има корона вирус.

Денешното искуството за одење во продавница ги оптоварува нервите што пак бара многу физичка, ментална и емоционална енергија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот