Како одговор на санкциите, Русија годинава набавила 100 танкери

Русија набави 100 танкери оваа година како одговор на нафтените санкции наметнати кон Москва од Западот, пишува Фајненшл тајмс.

Кремљ користи дополнителни танкери за да избегне проблеми со ограничувањата за снабдување со нафта, а енергетскиот консултант Ристад тврди дека оваа година се купени 103 танкери.

Се вели дека бродовите се стари меѓу 12 и 15 години и ја претставуваат руската „флота во сенка“.

Да потсетиме, групата земји Г7 и Австралија вчера објавија дека се договориле за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел откако членките на Европската унија го надминаа отпорот на Полска и претходно постигнаа политички договор истиот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот