Како од бајките: Погледнете каков роденден им приреди Карлеуша на двете ќерки (ФОТО)

Јелена Карлеуша

Јелена Карлеуша вчера во еден луксузен ресторан во Белград го прослави роденденот на своите ќерки Атина и Ники кои наполнија 11 и 10 години.

За српски „Телеграф“ Карлеуша открила кои биле желбите на нејзините миленички.

Јелена Карлеуша

  • Гордо можам да кажам дека моите ќерки се скромни девојки кои не сакаат ништо. Тоа се деца кои имаат се и навистина не сакаат ништо. Овој пат побараа само убава забава со многу нивни другари и се разбира мама направи се за да им ги исполни очекувањата. Се надевам дека ги исполнив – изјавила Карелуша.

Јелена Карлеуша

  • Од мама добија се ова, целата организација, а тато како вистински тато сетоа ова го овозможи –рекла Јелена, па открила дека на Атина и купила мејк-ап куфер полн со шминки кои премногу ја израдувале, додека пак Ника добила огромна вреќа со играчки кои таа ги сака.

 

Јелена во ресторанот се појавила во друштво на славеничkите. Трите не ја симнувале насмевката од лице, а во ресторанот се појавиле во стилот на најголемите ѕвезди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот