Како „обичен смртник“: Португалскиот претседател фотографиран додека чека ред во маркет (ФОТО)

Претседателот на Португалија бил забележан и фотграфиран додека чекал ред во маркет, а на фотографијата се забележува дека ја одржува бараната социјална дистанца, како и дека носи маска на лицето.

 Претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Суса / Фото: EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Фотографијата од претседателот Марсело Ребело де Суса беше споделена на социјалните медиуми во неделата и оттогаш објавата стана вирална.

Она што ги воодушеви луѓето ширум светот е тоа што претседателот е облечен и се однесува како секој друг човек во маркет:

Претседателот чека на ред и почитува социјална дистанца / Фото: Твитер

Според локалните медиуми, претседателот Ребело де Суса и министерот Антонио Коста се обидуваат да испратат порака на „нормалност“ на жителите на Португалија додека држава ги олабавува рестриктивните мерки за ковид-19.

Во понеделникот, во Португалија се отворија кафулињата и рестораните, но под посебни правила за претпазливост.

Лисбон, Португалија / 20 мај 2020 / Фото:EPA-EFE/MIGUEL A. LOPES

Веднаш по отварањето, премиерот Антонио Коста посети еден од најпопуларните кафе-локации во дистриктот Бенфика во главниот град Лисабон.

Антонио Коста / Фото: EPA-EFE/TIAGO PETINGA

За репортерите изјави „Навистина ми недостига да пијам кафе надвор, на воздух. Ова убаво време навистина помага“ и додаде „Слободата да се биде надвор, сега е зголемена“.

Антонио Коста чека на ред за доручек во локална пекара / 18 мај 2020, Лисбон, Португалија / Фото: EPA-EFE/TIAGO PETINGA

Истиот ден, премиерот Коста беше забележан и како ужива за време на доручек во една пекара во дистриктот Сао домингос де Бенфика, заедно со претседателот на парохискиот совет Антонио Кардосо и неговиот асистент Тиаго Антунес.

Антонио Коста, Антонио Кардосо и Тиего Антунес / Фото: EPA-EFE/TIAGO PETINGA

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот