Како настана култната песна „Eye of the Tiger“ од филмот „Роки“? (ВИДЕО)

Џим Петерик, еден од основачите на познатиот бенд „Survivor“, се присети на времето кога настана култната песна „Eye of the Tiger“, која го издигна бендот до неверојатни висини.

„Eye of the Tiger“ и децении подоцна ги охрабрува луѓето во тешки или тензични животни ситуации.

IMDb

Пред таа песна имавме издадено два албуми, а ниту еден не помина ни приближно толку успешно. Стравувавме дека издавачот ќе ни го сврти грбот. Еден ден се вратив дома, го притиснав копчето на секретарката и слушнав: Еј, Џими, јави ми се. Силвестер Сталоне е“, се присетува Петерик, клавијатуристот на „Survivor“.

Сталоне му рекол на својот пријател Тони Скоти, коосновачот на „Scotti Brother Records“, дека сака нов звук за својот филм „Rocky III“ и Тони му пуштил неколку песни од бендот „Survivor“.

„Кога му се јавив, ми рече дека сака нешто за децата од улица, нешто со ритам. Ме праша дали можам да му помогнам, а јас му реков дека таква можност чекам уште од кога ја започнав музичката кариера“, се присетува Петерик.

Следниот ден дошол и Френки Саливан, гитарист на бендот, а авионот кој нестрпливо го чекале го превезувал огромниот Betamax видео-рекордер, на кој се наоѓале првите три минути од филмот.

„Човеку, таа енергија, Мистер Т кој тренира и се издига, и Роки кој омекнал и се занимава со снимање на реклами. Но, и музиката веќе беше тука. Му реков на Френки „Излегуваме од работа, бидејќи оваа песна е совршена“, вели Џим.

Меѓутоа, Сталоне не успеал да добие права за објава.

Неколку дена подоцна Џим се возел во автомобил, кога му текнала идејата за основниот риф. Френки се позанимавал со текстот. Само дел од песната бил напишан, но го повикале Сталоне и му порачале дека им е потребен целиот филм, за да ја разберат приказната во целост.

Гледајќи го филмот, дошле до делот во кој Аполо Крид вели: „Некогаш го имаше тој поглед на тигар. Мора да го вратиш“. Тоа било „чкрапалото“ за продолжението на класикот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот