Како најлесно и најбезболно да раскинете со секој од хороскопските знаци

хороскоп љубов
Фото Профимедиа

Раскинувањето е тешко и непријатно, дури понекогаш е полошо да оставите некого, отколку вие да бидете оставени. Одговорноста за нечие „скршено“ срце е на вас, па ако веќе дошло до таму, еве како да раскинете со секој според неговиот хороскопски знак, на оптимален начин.

Ако сте заглавени во љубовна врска која не ветува, но не сакате да му објаснувате на партнерот зошто е време за крај или можеби дури и вие не знаете, тогаш хороскопот е вашето решение.

Овен

Ако сакате да се ослободите од Овенот, бидете љубоморни и посесивни и настојувајте се што почесто да прибегнувате кон емоционалните уцени.

Преземете ги уздите во ваши раце и направете го „послушник“, бидејќи Овенот не мрази ништо повеќе од жена која не го почитува како маж. Ако по некое чудо и понатаму остане со вас, погрижете се да ве фати во лага или на друг начин дајте му до знаење дека уживате во озборувања, подметнувања и разни игри, што ќе биде јасен знак за Овенот дека вас повеќе не ве сака во својот живот.

Бик

Кога сакате да раскинете со Бикот, бидете директни, искрени и љубезни – тој ќе го цени вашиот пристап, на негов разумен и практичен начин, затоа што има таков однос кон сè, дури и кон емоциите. Изнесете му ги вашите причини и бидете дарежливи (не барајте од него да ви ги враќа скапите подароци и да ги дели заедничките средства и имотот), па и тој ќе биде дарежлив (откако ќе му помине чувството на повреденост).

Друг момент е неговата посесивност. Не сака кога губи нешто од она што поседува, а во љубовта секогаш има илузии дека ве поседува. Затоа Бикот секогаш ќе се бори да ве задржи.

Близнаци

Подгответе се за исцрпувачки разговори, односно за слушање на монологотот на навредените Близнаци, кои нема така лесно да ја прифатат вашата одлука и ќе ве заморуваат со промена на љубоморни и гневни испади и на љубезност и помирување. На Близнакот му треба време за да сфати дека е крај, а штом ќе го прифати тоа, брзо ќе се опорави од раскинувањето и ќе биде во состојба да ви остане пријател.

Рак

Со Ракот тешко ќе раскинете. Раскинувањето длабоко ќе ја погоди пречувствителната душа на Ракот, а на вас останува да се подготвите за тоа. Кажете се искрено, и бидете подготвени за драма, солзи, одбивање на разговори… А, кога ќе кажете што имате, заминете, Ракот треба да биде малку сам со себе, да го обработи тоа што се случило, а потоа му треба многу време да се опорави. Раковите имаат трпение и се вложуваат во врската, ја лекуваат и не се откажуваат.

Лав

Ако го исмевате пред другите, ако го загрозите неговиот авторитет, ја намалите нивната гордост – тој самиот ќе замине. Кога му раскинувате, кажете му сè во лице и тој со кренат нос ќе си замине. Во бракот тешко се одлучуваат на развод, иако делуваат сигурно, динамично и гордо. Се плашат од разочарувања, така што ќе останат и ќе се трудат да поправат сè што можат.

Зад гордиот и арогантен изглед, Лавовите ја кријат својата чувствителност и кревкост, па раскинувањето тешко ќе им падне, иако тоа ќе се обидат да го прикријат. Можеби со разумни аргументи ќе се обиде да ве убеди дека не сте во право, бидејќи Лавот не прифаќа пораз без борба. Веројатно ќе следат големи гестови во лавовски стил, но ако знаете што сакате, не дозволувајте тоа да ве поколеба.

Девица

Кога ќе раскинете со Девица, бидете директни, јасни и прецизни, спокојно и јасно наведете ги вашите причини. Девицата не сака да покажува чувства, но во овој случај можеби нема да може да се контролира, раскинувањето тешко ќе ја погоди доколку не можела ниту да забележи што се подготвува. Може да очекувате и израмнување на сметката – во моментот на повреденоста Девицата ќе го изнесе сето она што досега љубезно го премолчувала.

Вага

Припадниците на овој знак мразат конфликти и кавги, па лесно и културно ќе раскинете, ако се однесувате убаво – однесете го на некое убаво место, испијте пијалак, разговарајте. Кажете дека не ви оди и дека е подобро да раскинете и да си дадете шанса еден на друг да запознаете сродна душа и да бидете среќни. Вагата нема да се скрши, разумно ќе ги прифатат вашите аргументи и ќе има трема поради промената. Кажете ѝ на Вагата дека не е до нејзе и дека никој не е виновен, едноставно, вие сте премногу различни – не ја критикувајте.

Скорпија

Нема полесен начин на Скорпија да ѝги соопштите лошите вести – раскинувањето ќе ѝ биде тешко, но ќе се труди да се однесува ладно и како да не ѝ е грижа. Направете го тоа во целосна приватност и бидете искрени, одлучни и едноставни. Не дозволувајте таа да ве однесе во кревет (за да се збогувате) бидејќи ќе ја изгубите контролата и ќе бидете во искушение повторно да ѝ се предадете.

Стрелец

Стрелецот не сака од себе да направи жртва на емоционално разочарување. Затоа сè сфаќа брзо и си заминува прв. Но, пред да одлучи да си замине ќе најде друг партнер. Ако сакате да раскинете со него, отворениот разговор нема да ви помогне. Само заминете си, тој веќе сигурно ќе има најдено некој нов. Споредувајте го со претходните партнери или кажете му дека е досаден и самиот ќе си замине.

Јарец

Никако не ги набројувајте неговите маани и грешки како причина за раскинувањето, бидејќи Јарците не поднесуваат критики. Сè што имате завршете брзо и ефикасно, веднаш вратете му ги неговите работи и не изложувајте се на влијанието на нивната песимистичка енергија, која ќе ја покаже во оваа прилика.

Водолија

Со Водолијата можете да раскинете и на далечина, преку порака, тоа нема многу да ѝ пречи. Родените во овој знак не можат да се справат со големиот набој и бурните чувства, тоа ги исцрпува, затоа им одговара се да се заврши во „стерилни“ услови. Нив исто така не ги интересираат вашите причини и објаснувања, тие ја гледаат суштината, ја прифаќаат новонастанатата состојба на работите и продолжуваат понатаму.

Риби

На Рибите им треба малку време да ги обработат новите информации и ќе ја преиспитаат вашата одлука за раскинувањето. Нема да ви кажат ништо, не затоа што немаат што да кажат, туку затоа што се длабоко потресени и треба да се соберат и да дојдат при себе. Колку и да е емотивна и чувствителна, личноста во знакот Риби, сепак, нема да сака да биде со некој што не ја сака, па мирно ќе го прифати раскинувањето.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот