Како најевтино до скопскиот аеродорм

Фото: Фејсбук

Нови евтини летови со нискобуџетната компанија „Визер“ денеска беа промовирани на Меѓународниот аеродром „Скопје“. Станува збор за летови од Скопје до Турку, Финска и Ларнака, Кипар, со што се очекува значително да се зголеми фрекфенцијата на патници кои сообраќаат од и до Меѓународниот аеродром „Скопје“.

Преку Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Свети Апостол Павле“ Охрид во првите шест месеци годинава патувале 1,2 милиони патници, што покажува дека се повеќе граѓани ги користат евтините летови на унгарскиот превозник „Виз Ер“, кој овозможува лет до европските метрополи за цена од 20 до 30 евра.

Сепак, на поголемиот број граѓани кои редовно поради забава или бизнис патуваат со авион, неретко проблем им претставува транспортот до аеродромот, па често во јавноста се коментира дека превозот до аеродромот ги чини повеќе, отколку авионскиот лет.

Единствениот јавен превозник во Скопје, ЈСП никогаш немал директна линија до аеродромот во Петровец. Токму тоа беше и повод до претпријатието да поставиме прашање дали размислуваат да воведат таква линија, и дали досега се правени пресметки околу исплатливоста на истата.

„ Претпријатието нема основ да воведе редовна автобуска линија до Меѓународниот аеродром „Скопје“, имајќи ги во предвид сообраќајните правила и соодветните законски прописи, како и структурата на возниот парк со кој располага“, ни одговорија од ЈСП, при тоа додавајќи дека економската исплатливост на евентуалната таква линија не е правена досега.

За волја на вистината, автобуси на превозникот „Манора“* превезуваат патници од 4 локации во Скопје до аеродромот „Александар Велики“ по цена од 180 денари по однапред познат распоред на поаѓање. На линковите подолу можете да го погледнете распоредот на превозникот до и од скопскиот аеродром.
http://skp.airports.com.mk/BusTransportPopUp.aspx?l=1&t=1
http://skp.airports.com.mk/BusTransportPopUp.aspx?l=1&t=2

*текстот е корегиран, бидејќи превозникот „Вардар Експрес“ веќе подолго време не превезува патници до меѓународниот аеродром Скопје, а новиот превозник е компанијата „Манора“.

Воз до скопскиот аеродром!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот