Како најбргу да решите расправија со партнерот додека сте во карантин?

Сексологот и терапевт за врски Грејс Хејзл сподели неколку совети за паровите кои поради актуелниот карантин можат да се најдат во тешки моменти.

Таа објаснува дека искрената комуникација, како и секогаш, треба да биде на прво место и дека треба да ги искажувате мислењата, емоциите, потребите и стравовите, но исто така и да го сослушувате партнерот.

За остварување на оваа цел, понекогаш е потребно да примените нови методи на комуникација, а Хејзл советува да го примените правилото на 5 минути.

Тоа подразбира дека секој од партнерите има пет минути да го каже она што му тежи, а во тоа време другиот нема да го прекинува, ниту вербално, ниту со гримаси, превртување очи, заминување од просторијата или слично.

Кога едниот партнер ќе заврши, оној кој слушал треба да каже со свои зборови како го сфатил кажаното, а потоа да има 5 минути да го каже своето мислење.

Процесот се повторува се додека не се дојде до заедничко решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот